„Гангнам стајл“ му помага на туризмот во Јужна Кореја

Сите угостители посакуваат одреден настан да ја смести земјата во која тие работат на листата најпожелни места на светот и со тоа истиот да привлече огромен број туристи. Токму тоа и се случи на Јужна Кореја откако заразниот хит „Гангнам стајл“ беше изгледан над една милијарда пати. 

Песната која ја промовира областа Сеул во Јужна Кореја, привлече многу посетители во овој дел на земјата. Нивниот број константно расте и се очекува дека ќе продолжи со таков тек и во годинава која започна.

Најбројни се туристите од Кина и Јапонија. Во 2012-тата над 6 милиони жители на овие две земји биле во посета на Јужна Кореја.

Претставникот на Туристичката организација на Јужна Кореја вели дека ова е многу важно за земјата и нејзината заработувачка и покажува дека популарноста на хитот се‘ уште не опаѓа и дека за фановите се обезбедуваат и специјални „Гангнам“ тури.

Пронајдете не на следниве мрежи: