Кое е вистинското значење на знакчињата на BMW, Audi и Mercedes?

Сите ние имаме скриени желби да поседуваме некоја од убавиците-автомобили од светски познатите брендови BMW, Audi и Mercedes. 

Нивните знакчиња се насекаде препознатливи. Но, дали го знаете нивното вистинско значење и од каде е идејата за создавање на логото на BMW, Audi, Mercedes?

 

1. BMW

Германска автомобилска компанија која е позната на светскиот пазар за автомобили. Компанијата е основата во 1917-та година, а до ден-денес таа има продадено 1.481.253 автомобили и 112.271 моторцикли низ целиот свет. Логото на овој светски познат бренд за автомобили ги претставува пропелерите од авионите со бела боја, наспроти синото небо-сината боја. Почетоците на  BMW  се кога името на овој бренд биле произведувани мотори за воени авиони. Исто така има уште едно скриено значење. Белата и сината боја се од Баварско потекло односно тие се основните бои на знамето на Баварија.

2. Audi

Германска автомобилска компaнија која е основана во 1909-та година. Таа ги има произведено познатите марки на автомобили како Дукати и Ламборџини. Оваа компанија заработува милијарди евра на годишно ниво, а секојдневно се продаваат нови модели од оваа компанија, насекаде низ светот. Многу од луѓето сметаат дека прстените на Audi се всушност оние на Олимписките игри. Но, вистинското значење на четирите прстени е вушност спојувањето на четири компании за автомобили во една, со цел да создадат една нова генерација на автомобили, која ќе биде светски признаена и со голема побарувачка. 

3. Mercedes

Германска автомобилска компанија која покрај автомобили произведува камиони, комбиња, трактори. Основана е во 1926-та година и од тогаш претставува вистински бренд на светскиот автомобилски пазар. За знакот на Mercedes постојат две теории. Првата е дека  Готфрид Дајмлер-основачот на компанијата направил скица на лист хартија за да ја покаже локацијата на својата работница, па таа скица прикажала слика на ѕвезда која денес е употребена како лого на еден од најпознатите светски брендови на автомобили. Втората теорија е дека трите дела од ѕвездата претставуваат земјиште, вода, воздух, како основни работи за бизнис.

Секој знак има свое скриено значење. Но, без разлика на значењето на знакот на овие брендови како и сите останати од автомобилската индустрија, автомобилите од секогаш биле и ќе бидат  барани на пазарот, поради нивниот комфорт, перформанси и пред се корист.  

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: