Покрај политиката, славните и познати политичари низ светот знаат да шармират голем број жени и да бидат одлични љубовници.
Кои од нив се најдобри во тоа и колку нивниот шарм и начинот на освојување влијаел на тоа колку жени имале во својот живот.
1. Николас Саркози – 23-тиот претседател на Франција од 2007-ма до 2012-та. Тој се смета за шармер кој преку својата насмевка и харизма знае да освои голем број женски срца. Таа негова харизма му помогна и во политичката кариера каде што го достигна врвот – да биде претседател на држава каква што е Франција. Зад себе има три брака, каде што последниот му е со италијанска пејачка, писателка и модел, Карла Бруни.
Но, сеуште останува мистерија колку вкупно девојки поминале во неговиот животот во периодот на неговиот мандат.
2. Владимир Путин – фамозниот претседател на Русија, кој повторно е реизбран на изборите во мај 2012-та година. Тој иако не е најзгодниот маж во Русија, сепак е најмоќниот, па може да ја има секоја жена што ќе ја посака. Но, сепак од 1983-тата година, тој е со својата жена Људмила, со која има две ќерки и е навистина среќен, па најверојатно никогаш не ја изневерил или злоупотребил својата функција да може да ја “купи“ секоја жена што ќе ја посака во светот.
3. Силвио Берлускони – италијански премиер до 2011-та година. Тој е убедливо “најдобриот“ љубовник меѓу политичарите. Сеуште не е позната бројката на жени кои ги имал во својот живот во периодот на својот мандат, но тој знае што е најдобро да одбере. Од постари до помлади жени, тој дефинитивно знае да ужива во животот како политичар-љубовник, кој моќта, парите и својот шарм ги користи да ги задоволи своите желби и потреби. Иако е актуелен во медиумите по многуте скандали, сепак тој продолжува со освојување на женските срца, па денес ужива во друштвото на прекрасната 27 годишна Франческа Паскале, која била дел од неговите забави, за време на неговиот мандат.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: