Претставена вакцина што го забавува дејствувањето на ХИВ вирусот

Екипа на шпански лекари открила нова вакцина која може привремено да го блокира дејствувањето на ХИВ вирусот кај веќе инфицираните пациенти, соопштено е во четврток во Мадрид.

„Она што го направивме е давање инструкции на имунолошкиот систем да го уништи вирусот, што не може да го направи по природен пат“, рече Фелипе Гарсија, еден од членовите на лекарскиот тим.

За време на клиничките испитувања на околу 40 пациенти кои ја прекинале антиретровиралната терапија против ХИВ, вакцината успеа „привремено да го контролира размножувањето на вирусот“.
Вакцината претставува достигнување во борбата против сидата бидејќи овозможува привремено да не се зема терапијата која има многу несакани ефекти и е скапа, наведуваат стручњаците.
Но, вакцината трае една година по што пациентот повторно ја зема вообичаената антиретровирална терапија.
Според податоците на Обединетите нации(ОН), 34 милиони луѓе во светот го имаат вирусот на ХИВ.

Пронајдете не на следниве мрежи: