Затвор со 5 ѕвезди

Иако ѕидините од затворот ги чуваат вооружени чувари, во внатрешноста на овој затвор се случуваат вистински забави, се пуши марихуана и се пие алкохол. Затворениците продаваат и дрога и организираат борби со петли.

 

Венецуелскиот затвор на островот Маргарита однадвор изгледа како и секоја друга казнено-поправна институција, но одвнатре повеќе наликува на резиденцијата на Хју Хефнер.

 

Вооружени чувари ги чуваат затворениците и посетителите на нишан при влагањето во затворот, но внатре во истиот се слуша силна музика, девојките се во бикини, а во воздухот се чувствува мирис на марихуана…

“Повеќе од 2 000 затвореници тргувале со дрога и пред затворот, па во него само ја продолжиле својата работа. Осудениот криумчар Теофило Роригез е “врховен водач” на затворениците.

 

Го нарекуваат и Зевс”, пишува во репортажата на “New York Times”.Вооружени затвореници преку “Blackberry” мобилни телефони и лаптоп често организираат и убиства и киднапирања од затворот.

 

Истовремено, затворот е познат и како место на кое посетителите доаѓаат за да се “забавуваат”.

Во затворот може слободно да се купи дрога. Чуварите ги претресуваат при влегувањето во затворот, но не и при излегувањето. Друг начин на заработка на затворениците се борбите со петли.

 

Ќелиите се опремени со клима уреди и сателитски антени, а затворениците имаат и мобилни телефони, компјутери и камери. Додека тие ја одлежуваат својата казна, нивните деца се бањаат во затворските отворени базени.

Тие тврдат дека истите ги изградиле со свои пари. Дозволени им се и брачни посети. Иако женскиот затвор е одвоен со ѕид, 130 затворенички се мешаат со затворениците и меѓу нив има многу парови.

 

Затоа и разбирливо е што затворениците велат дека многу ретки се случаите кога некој се обидува да избега.

Пронајдете не на следниве мрежи: