„Ако нешто може да се направи на два или повеќе начини, а само еден да води кон пропаст, тогаш ќе биде направено токму на тој еден начин.“ Оваа изрека на инженерот Марфи, кажана во 1949-тата година во воздухопловната база во Калифорнија, се смета за почеток на постоењето на Марфиевиот закон.
Законите на Марфи се составен дел од секојдневието. Токму кога мислите дека се се случува беспрекорно, Марфи ќе ве потсети дека е тука. Секој од вас барем еднаш се почувствувал изиграно од Марфи. На пример, токму кога требало да однесете нешто тешко на 10-ти спрат лифтот бил расипан, или пак само што сте ги измиле прозорците започнувало да врне. Звучи познато, нели?
Најчестите Марфиеви закони кои постојано се со нас, се следниве:
1. Од сите работи кои може да тргнат наопаку, секогаш тргнува онаа работа која предизвикува најголема штета.
2. Секое решение раѓа нови проблеми.
3. Смеј се, утре ќе биде полошо.
4. Ако се чувствуваш добро, не грижи се, ќе ти помине.
5. Најголемите идеи никогаш не остануваат запаметени, најглупавите пак, никогаш не се забораваат.
6. Додека чекате ред во банка, личноста која е пред вас секогаш ја има најсложената можна трансакција.
7. Секој проблем се заменува со поголем.
8. Документот што го барате, секогаш е на дното на најголемото купче.
9. Најлошите потези се прават кога сакате да импресионирате некого.
10. Секој пат кога ќе оставите некој предмет на „сигурно“, повеќе никогаш нема да го видите.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: