Гонзалес: Вардар никогаш не се предава!

На прес конференцијата по натпреварот Вардар – Висла на кој „црвено-црните” победија со 31-20, и се пласираа во четврт-финалето на лигата на шампионите, тренерот на вардарци, Раул Гонзалез ја отки тајната на успехот.- Вардар никогаш не се предава, па така беше и овојпат. Затоа и стигна успехот.Задоволни сме од оваа победа, затоа што како тие играа таму, беа одлични, губевме со 8-9 разлика и беше многу тешко. Но ние не се предадовме, овде одигравме одлично. Висла е многу тежок противник, играат одлично цела сезона, тешки натпревари како со Кјелце, со Барселона. Добро е што Вардар втора година по ред се пласира во Топ-8, сега е во друштво со Кил, со Барселона, со Веспрем, изјави Гонзалес.
Капитенот Филип Лазаров посочи дека триумфот пред домашната публика беше одговор на потценувањето на ривалот.
– Пред натпреварот во соблекувалната, на нашите играчи им пренесе некој информација дека во стручниот штаб на Висла малку не потцениле, дека ние не сме толку квалитетни. Тоа ни даде дополнителна доверба и сила и покажавме дека сме за нијанса подобра екипа од Висла, нагласи Лазаров. 
Фото и извор: rkvardar- Вардар никогаш не се предава, па така беше и овојпат. Затоа и стигна успехот.Задоволни сме од оваа победа, затоа што како тие играа таму, бе

Пронајдете не на следниве мрежи: