Во продажба е ковчег со сараунд систем

Бизарниот ''Катакомба саунд систем'' кој го произведува шведската компанија ''Пауза'', претставува ковчег кој има вградено ЛЦД екран од 7 инчи, за да покојниците можат да го видат секој назив на песната која им свири додека тие патуваат во рајот (или пеколот).

Дали би сакале да останете во тек со музичките трендови додека ве погребуваат? Шведската компанија ви го овозможува ова бизарно задоволство. Имено имате можност, да слушате музика додека патувате во рајот. И не само тогаш.

 

Нивните ковчези се дизајнирани на тој начин што со нив доаѓа и удобен и просторен ковчег, дизајниран во ангелски стил, со две појачала и специјални звучници.

Со ковчегот вграден е и ЛЦД екран од 7 инчи со кој во секој момент можете да ги видите називот на песната која свири. Со оглед на тоа дека овој ковчег има интел процесор од 2.5 гигахерци, на семејството на починатите им се овозможува да ја променат музичката листа секогаш кога ќе посакаат. Од компанијата препорачуваат дека со купувањето на овој производ, на корисниците им се обезбедува возбудлив живот и на другиот свет. 

Цената на овој музикален ковчег изнесува 30,000 долари. Сепак, тоа што произведувачите не го објаснија, е како планираат да спроведат струја на длабочина од 3 метри под земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: