Идеален подарок според хороскопскиот знак

Сезоната на празниците се наближува. За да ги израдуваме нашите сакани со идеален подарок мора добро да ја познаваме личноста и да знаеме што сака и што би ја усреќило.

 
Меѓутоа, може да биде тешко да се одлучи за една работа, за идеален подарок. Астрологијата ни ја нуди таа помош, бидејќи ако веќе знаеме што сака таа личност и го знаеме нејзиниот хороскопски знак, пронаоѓањето на убав и добар поклон за истата може да биде многу едноставно и лесно.
 
ОВЕН
Жените Овнови се темпераментни и импулсивни, и кога се одлучувате за вистински подарок, имајте го во предвид нивниот карактер. Најдобро им е да им поклоните нешто возбудливо и провокативно. Овенот не сака средина и заради тоа секогаш ќе го израдува најмногу квалитетен подарок, оригинален и скап! Ако живеете во материјално изоболилство, идеален подарок за жена Овен е секако дијамант, но може да се определите и за убава ташна или отмен шешир. Исто така таа ќе ја цени вашата оригиналност и чувство за фантазија ако и подарите некоја секс играчка. Мажот Овен ги дели карактеристиките на жената Овен. Главната особина на овој знак е темпераментност, а симболот на огнот е црвена боја, па затоа би било најдобро да се одлучите за подарок во оваа боја. Најдобриот подарок би бил спортски автомобил или мотор, а од малку поскапите работа шешири, капи и кациги. Идеални подароци за Овнови се и влезници за натпревари и други спортски настани кои се совпаѓаат со неговиот натпреварувачки дух.
 
БИК
Бикот сака удобност и ужива во материјално изобилслтво. Ако сте во потрага по подарок за жена Бик, не размислувајте многу – парите се она на што најмногу ќе се израдува. Доколку поводот е таков што ќе морате да се одлучите за конкретен подарок, на жената Бик и дарувате накит или нешто од работите кои се ставаат на под. Тука спаѓаат теписи, мебел или некоја убава и скапа скулптура. Исто така, жената Бик би се израдувала и на излегување во добар ресторан или некој музички инструмент доколку се занимава со музика. Мажот Бик како и жената, сака сигурност и комфор, па затоа можете слободно да се раководите со овие претходни факти при избор на подарок. Доколку не сакате да подарите пари, определете се за комфорна фотелја, кревет или некоја удобна облека.
 
БЛИЗНАЦИ
Жената Близнак ќе се израдува на некој несекојдневен и оригинален подарок. Лесно ќе ја изненадите ако и подарите нешто специфично или дури смешно, како што се необичните наочари за сонце. Таа сака компјутерска опрема, па затоа идеален подарок би можел да биде годишна претплата на Интернет, лаптоп или мобилен телефон. Мажот Близнак е прилагодлив и не бара многу. Лесно може да го израдуваат мали работи, како што се книга, пенкало, постер и топка. Ако сакате да му подарите нешто оригинално што ќе го памети изненадете го со кратко патување на некоја необична дестинација.
 
РАК
Жените Ракови спаѓаат во најромантичните и најемотивните жени, иако тоа често не го покажуваат. Како симбол за романтика, бисерот е идеален подарок за оваа жена, а многу ќе се израдуваат и за нешто помалку скапо, како што е вечера во ресторан со морска храна или цвеќе. Исто така жената Рак ќе се израдува и за различни антикварни работи и кујнски помагала. Доколку се работи за жена со деца, што и да им подарите ним, тоа ќе биде подароки за неа. Што се однесува до мажот Рак, тој е поотворен и полесно покажува емоции одошто жената, но многу се традиционални и поврзани со домот. Затоа идеален подарок за мажите родени во овој знак ќе биде нешто како куќни апарати за домашна употреба. Лесно е да се израдуваат ако им подарите опрема за риболов или чамец, бидејќи тоа се обични луѓе кои ја сакаат водата и се во врска со неа.
 
ЛАВ
Лавовите бараат многу и најчесто е тешко да се процени на што би можела да се израдува личноста родена во овој знак. Жените Лавови сакаат скапи и големи подароци, па поради тоа идеален подарок за неа би бил голем дијамант, но бидејќи се малку оние кои можат да ги исполнат таквите потреби на својата жена, било каков златен накит е нешто што би ја израдувало оваа жена. Другата опција е бела техника, раскошна облека, како на пример елегантен фустан или високи штикли. Мажот Лав сака да подарува. Идеален подарок за него е нешто скапоцено и препознатливо уметничко дело или некој друг вреден раритет. Исто така, мажот Лав ќе се израдува и за влезници на концерт или некој друг настан.
 
ДЕВИЦА
Жените како и мажите Девици, најмногу се радуваат на практични подароци. Идеален подарок за Девица се сите оние ситници кои може да се користат, како што е пенкало, часовник, разна канцелариска опрема. Исто така, Девицата сака да чита, така што книга е една од опциите кои ги имате кога избирате подарок за нив. Подарете им влезници за некој семинар или однесете ги на предавање на нивниот омилен писател. Девиците многу обраќаат внимание на здравјето, затоа може да се израдува и на некој препарат со лековито дејство.
 
ВАГА
Родените во знак Вага се карактеризираат со посебен вкус. Доколку сакате да се додворувате на жена, купете и накит или скапоцен камен. Тие многу се грижат за својот изглед и облеката за нив е многу важна, па идеално за нив може да биде модерна и елегантна гардероба. Нема да згрешите ако изберете елегантен фустан и свечена облека или чипкан долен веш. Многу обраќаат внимание на изгледот и важна им е негата на кожата и косата, така што ќе ги израдувате и ако им подарите козметички третман. Мажите Ваги исто така обраќаат внимание на својот изглед. За нив е добра елегантната облека, но и еротски веш. Често носат лептир машни и вратоврски, така што овие модни додатоци ќе ги израдуваат многу, исто како и различни украси од порцелан и бел мермер, скапоцени уметнички дела.
 
СКОРПИЈА
Жените во овој знак често се запрашуваат зошто и подарувате нешто и што се крие зад сето тоа. Многу се мрачни и фатални, па кој подарок и да го одберете, трудете се да биде во црна или некоја темна боја. Освен облека во црна боја, изберете нешто кусо и ги нагласува сите атрибути на жената Скорпија. Таа ќе се израдува и на накит што содржи црн камен, без оглед дали се работи за нараквица, прстен или ѓердан, како и декоративна козметика, лак за нокти, руж и сенки, но внимавајте нијансата да биде темна.
Мажот Скорпија е исто мрачен и мистичен. Ако сакате да му подарите гардероба, нека биде тоа јакна, дукерка и кошула во црна боја. Идеален подарок за мажот Скорпија може да бидат и различни ситници од продавница за книги за мистерии, хипноза и други мрачни теми. Мажот Скорпија ќе се израдува и ако му подарите некоја перверзна играчка од секси шоп.
 
СТРЕЛЕЦ
Стрелците се среќни кога подаруваат. Кога примаат подароци не им е важно подарокот да биде скап и посебно вреден, бидејќи материјалните работи не им се важни. Жените особено ги ценат комплиментите и убавиот збор. Пат околу светот или на некоја далечна дестинација би било совршен подарок. Жените родени во овој знак сакаат сувенири. За овие жени е карактеристично што сакаат да читаат, па некоја книга или стручно списание би било добар избор.
Кога избирате подарок за маж најлесно ќе го израдувате ако му купите некое егзотично оружје, како што е сабја, мачета, стрела и слично. Доколку се занимава со спорт подарете му некој спортски реквизит. Како и жените, и мажите Стрелци сакаат да читаат, па во овој случај вистински избор би бил и книга.
 
ЈАРЕЦ
На жените Јарци најдобро е да им купите скапоцен накит. Исто така овие жени сакаат кристал, па ќе се израдуваат на некој предмет од кристал. Што се однесува до гардеробата, бирајте кожни материјали, како што се каиши, ташни и чевли. Жените од овој знак особено сакаат чевли и често поседуваат цел ормар полн со различни обувки.
Мажите Јарци исто обожаваат чевли, па затоа обувките се идеален подарок за нив. Освен тоа, ако сакате да го изненадите овој маж, купете му некој алат за работа. Идеален подарок може да биде и некоја спортска опрема, доколку јарецот се занимава со некој спорт или активност. Од облека изберете кожна галантерија или мантил отпорен на дожд и чадор.
 
ВОДОЛИЈА
Ако на жената Водолија сакате да и купите некој предмет за облекување, тоа може да биде секој предмет што се облекува и секој моден детал кој е поинаков и модерен. Жените во овој знак ќе се израдуваат ако им подарите некој апарат за дома, како што е фен за коса. Добар поклон би бил и козметички и фризерски третман, бидејќи оваа жена многу обраќаат внимание на мода и сакаат да се во тренд.
И мажите Водолии сакаат автентичен и необичен стил. Тоа не се однесува само на гардеробата и изгледот воопшто, туку и на техниката која мажите ја сметаат за идеален подарок. Компјутери, печатари, нови компјутерски програми, фотоапарати и различни музички уреди се најдобри подароци за мажите во овој знак.
 
РИБИ
Жените Риби се екстравагантни и еротични, а истовремено и романтични. Рибата ќе се израдува ако ја изведете на романтична вечера или на кино. Меѓутоа, идеален подарок за нив е и еротски веш и различни облеки изработени од свила. Рибите обраќаат внимание на деталите, па модните додатоци како што е крзно или обувки многу ќе ги израдуваат. За нив се прифатливи и различни козметички препарати и декоративна козметика, но бирајте ја шминката во свети нијанси.
Мажите родени во овој знак се тивки и повлечени, и особено ја ценат уметноста. Поради тоа, при избор на подарок изберете некоја уметничка слика, скулптура или фреска. Идеален подарок за овие мажи се и сите технички средства, компјутери, телефони, фотоапарати и камери. Често се интересираат за психологија, затоа книга од оваа област може да биде одличен подарок.Сезоната на празниците се наближува. За да ги израдувам

Пронајдете не на следниве мрежи: