Кога мажите би го уредувале ‘Cosmopolitan’

Секогаш е интересно кога ќе чуете што мислат мажите за жените или како мажите би изреагирале во некои ситуации да беа на местото на жените.
Прочитајте како тие би одговориле на некои од често поставуваните прашања од страна на жените…
П: Мојот сопруг сака да има секс во тројка, со мене и со мојата сестра.
О: Јасно е дека сопругот ви е верен. Не може да се засити од вас, па сака да ја провери и најдобрата после вас – вашата сестра. Тоа не е никакв проблем, само на тој начин вашата фамилија ќе му стане поблиска. Купете му убав, скап подарок, и згответе му убав ручек. П: Мојот сопруг премногу често ги поминува ноќите со другарите. О: Тоа е нормално однесување. Далеку е од некакво задоволство, затоа што ноќта помината во друштво со други мажи е многу стресна и враќањето дома за него е вистинско олеснување. Погледнете само колку е расположен и нежен кога ќе се врати во својот стабилен дом.  П: Мојот сопруг не знае што е предигра. О: Предиграта за мажите е болна. Тоа значи дека не го сакате доволно, инаку зошто тој би требал толку многу да се труди да ве орасположи.  П: Кога да знам дека сум подготвена за секс? О: Прашајте го својот дечко, тој ќе знае кога е вистинскиот момент. Кога се во прашање љубовта и сексот, мажите се поодговорни, затоа што не се емотивноконфузни како жените. Тоа е докажан факт. П: Дали требам да имам секс на првиот состанок со него? О: Да, и порано, ако е можно.

Пронајдете не на следниве мрежи: