Aвион со евакуирани патници од Дубаи попладнево слета во Црна Гора: И Македонци меѓу патниците

Авион со 138 патници од Дубаи слета попладнево на аеродромот Тиват, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

„Покрај Црногорците, во летот имало и граѓани на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Италија, Грција, Соединетите Американски Држави, Турција и Република Јужна Африка“, објави Министерството за надворешни работи на платформата X.

Летот, додадоа тие, е организиран благодарение на координацијата на црногорската влада, авиокомпанијата Флајдубаи и Амбасадата на Црна Гора во Абу Даби.

Пронајдете не на следниве мрежи: