Aгнеса не е повеќе Орданоска, го смени презимето во Органџиева

Aгнеса не е повеќе Орданоска, го смени презимето во Органџиева

Oткако екс директорот на АЕК, Роберт Орданоски, на Фејсбук објави дека неговата сопруга Агнеса Орданоска побарала развод, наводно затоа што не е повеќе директор, таа во изјава за медиумите му порача дека брачните проблеми се решаваат во живо, а не на Фејсбук.

Од денеска на социјалните медиуми Агнеса, не е повеќе Орданоска, туку Органџиева.

Орданоски, поранешниот директор  на АЕК, јавно раскажа дека неговата сопруга Агнеса решила да стави крај на нивниот брак и ја нарече  фотошоп барбика. Тој сега вработен како инжинер во МЕПСО, а за „Женски магазин“, вели дека разделбата од сопругата дошла одненадеш и сè уште е во шок од нејзината одлука.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.