Ад-хок телото ја има целосната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да го избере најдобриот кандидат

Интегрален текст од соопштение до јавноста во врска со ад-хок комисијата! 
Како што наближуваат изборите, така се зголемува стравот на СДСМ од соочување со вољата на народот и плаќањето на казната за своето деструктивно делување.
Со секој поминат ден, се подраматични стануваат обидите да се блокираат изборите и излезот од кризата. Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека доколку не постои криза во Македонија, тој и СДСМ немаат ништо конструктивно да им понудат на граѓаните. Единствениот проект на СДСМ е деструктивната политика, лагите, фабрикациите и одржувањето на земјата во што подолга состојба на агонија.
Пропадна приказната со која што СДСМ прогласи академици за фантоми, а во истата категорија ги смести и нивниот пулен Најчевска и сестрата на Радмила Шекеринска, заедно со уште 30.000 наши сограѓани.
За да го покрие овој голем срам, СДСМ прогласува за експерти некои луѓе кои повеќе пати се качиле на ладата на нивните протести и луѓе кои насилнички се заканувале кон новинари.
Да сакаше СДСМ слободни и фер медиуми, немаше да бара СДСМ да го назначува главниот уредник на информативната редакција на МТВ. Немаше да бара централно цензорско тело кое ќе кажува што е добар, а што лош новинарски став или мисла. СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку целосна контрола врз медиумите.
Ад-хок телото не смее да подлегне на ваквите притисоци од аболицираниот криминалец Заев. Деструкцијата нема иднина во Македонија.
Ад-хок телото ја има целосната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да го избере најдобриот кандидат.
 
  
Како што наближуваат изборите, така се зголемува стравот на СДСМ од соочување со вољата на народот и плаќањето на казната

Пронајдете не на следниве мрежи: