Адел му одржа лекција на Крис Браун

Греми вечерта беше полна со изненадувања меѓу добитниците на наградите, но и меѓу ѕвездите кои седеа во публика.
Имено, еден од добитниците таа вечер беше младиот изведувач Френк Оушн. Откако неговото име беше прочитано од пликото на сцената, сите ѕвезди во салата станаа на нозе со цел достојно да ракоплескаат на овој значаен настан во кариерата на младиот изведувач. Скоро сите ѕвезди. Единствен кој остана да седи на своето место беше Крис Браун, вереникот на Ријана. Сето ова не помина незабележано од страна на Адел, која седеше во негова непосредна близина, па на следната пауза му одржа гласна лекција на Крис за неговото недолично однесување и лоши манири.
23 годишната пејачка успеа да го посрамоти својот врсник и колега, но тие набрзо се смирија и до крајот на вечерта позираа заедно.
Извор: dnevnik.hrГреми вечерта беше полна со изненадувања меѓу добитниците на наградите, но и меѓу ѕвездите кои седеа во публика.

Пронајдете не на следниве мрежи: