Акциите на Ријад се дел од Блискоисточната стратегија на Западот чија цел е поделбата на Сирија и повторно цртање на мапата на Блискиот Исток.Погубувањето на шиитскиот свештеник Шеик Нимр Бакр ал-Нимра во Саудиска Арабија предизвика насилство во целиот регион, што потенцијално може да доведе до крвопролевање со „библиски размери“, предупредува американскиот политички аналитичар Фил Батлер.
Батлер смета зад сцената се кријат оние коишто имаат корист од извршувањето на смртната казна врз ал Нимр и тоа токму кога се направи обид за решавање на сириската криза.
Отсекувањето на главата го разбрани шиитското население во регионот, ги прекина врските помеѓу Саудиска Арабија и Иран и ја закомплицира кризата во Сирија, вели Батлер.
„Шиитски Иран е главен регионален ривал на сунитска Саудиска Арабија од падот на шахот во 1970 година. Изолацијата на Иран по револуцијата во 1979 година им беше во корист на Саудите и на оние кои ги поддржуваат саудиските интереси во странство, посебно САД и Велика Британија. За оние на кои им е непознато, Саудиска Арабија е 90% сунитска, а Иран 90% шиитски. Сепак, оваа секташка поделба беше помалку истакнувана отколку политичката веќе со децении наназад, а најновиот сунитско-шиитски конфликт е рана која е предизвикана поради заразата од надворешните интереси“ – забележува Батлер во скорешен текст објавен за New Eastern Outlook.
Додека Русија, Иран и Сирија ја повикаа меѓународната заедница да ги здружи силите за да се спротивстават на заканите на терористичката организација Даеш (Исламска држава/ИСИС), Саудиска Арабија очигледно додава масло на оган во секташкиот конфликт. Кој има корист од јакнењето на тензиите во регионот?
Според Батлер, најдобра трага за откривање на „кој стои зад“ оваа нова криза доаѓа од мејнстрим медиумските извори на САД. Аналитичарот наведува со доза на иронија дека некои од нив се „совршен барометар за невистината во меѓунардоните односи во последните денови“.
Тој го потенцира фактот дека администрацијата на Обама изрази „жалење“ поради фактот дека ненадејната ексалација на тензиите помеѓу Ријад и Техеран може да биде удар во борбата против Даеш во Сирија и Ирак, како и на преговорите околу сириската криза и напорите да се донесе стабилност на Блискиот Исток.
„Иран заедно со Русија е водечки пријател на сирискиот претседател Башар ал Асад, припадникот на малцинската етничка секта алавити, а Ријад на сириската граѓанска војна гледа во рамки на борбата со Иран за доминација на сунитскиот ислам“ – пишува добитникот на Пулицеровата награда, американскиот новинар Карен Дејонг во својот текст за Washington Post, а пренесува Батлер.
Вашингтон сигнализира дека не е во состојба да го излечи „стариот конфликт помеѓу сектите“ и дека се обидува да ги убеди луѓето дека ситуацијата на Блискиот Исток е „надвор од контролата“ на Обама и Вашингтон, иако според Батлер важи спротивното.
„Токму затоа, приказната оди во насока дека треба да ѝ се даде воена поддршка на Саудиска Арабија ако ескалира ситуацијата, што сигурно ќе се случи со помошта на Обама“ – истакнува Батлер.
Батлер смета дека Вашингтон и Лондон допринесоа за нередите на Блискиот Исток со помош на нивните сојузници во Заливот, како што е Саудиска Арабија.
„Резимето на оваа приказна е едноставно за обложување. Саудиска Арабија штотуку направи представа за неконзервативците во Вашингтон и банкарите во Лондон. Сведоци сме на последниот обид за спротивставување на политиката на Владимир Путин во регионот, со цел за победа и нова поделба на Сирија, или пак нејзино уништување и исчезнување во песокот на пустината“ – истакнува овој американски аналитичар.
(Sputnik international)Погубувањето на шиитскиот свештеник Шеик Нимр Бакр ал-Нимра во Саудиска Арабија предизвика насилство во целиот регион, што потенцијално може да дов



