Адвокатот Вуиќ го префатил синдромот од клиентот Заев

Во вчерашната емисија „Во Центар“ на новинарот Васко Ефтов, на тема,,Кој ги активираше криминалците на протестите!”, адвокатот и претседател на надзорен одбор на СДСМ, Мирослав Вуиќ, во стил на лидерот на партијата Зоран Заев за само 30 секунди промени два сосема различи ставови.Запрашан од Ефтов дали близнаците кои зад себе имаат богато криминално досие, и кои ги беа дел од инцидентите во кафе барот „Венеција“ во Скопје каде едно лице се здоби со тешка телесна повреда во пределот на главата, се членови на СДСМ?, Вуиќ прво рече:
-Дали се членови или не јас не знам точно, меѓутоа имате многу членови на СДСМ за кои што ние немаме услови ниту претходно да им бараме уверение за осудуваност, затоа што немаме такво право, вели Вуиќ.
Сепак, на прашањето за тоа дали Вуиќ кој е претседател на надзорен одбор на СДСМ, знае дека едниот од нив е член на Извршен одбор на СДСМ во општина Ѓорче Петров, тој одговара:
-Не, на извршен не се. А знам дека се членови не едниот туку и двајцата, се предомислува Вуиќ, во стилот на Заев.
 Запрашан од Ефтов дали близнаците кои зад себе имаат богато криминално досие, и кои ги беа дел од инцидентите во кафе барот „Венеција“

Пронајдете не на следниве мрежи: