Аеродром е една од трите најтранспарентни општини во своето работење, според истражувањето на Фондацијата Фридрих Еберт и Млади Европски Федералисти – Куманово (ЏЕФ Македонија).Станува збор за проект „Транспарентност на општините при објавување на информации од јавен карактер на општинските веб страници“, со кој се следеше транспарентноста на општините од изборната единица 1 при објавување информации од јавен карактер за три датуми, и тоа 12.07.2015 година, 30.09.2015 година и 18.11.2015 година.
Под транспарентност на општините при објавување податоци се подразбира редовно информирање на јавноста преку официјалната веб-страница на општината за девет точки, и тоа: статут, план за буџет, квартални извештаи за извршување на буџетот, план за јавни набавки, лице задолжено за слободен пристап до информации од јавен карактер, објаснување за користење на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, најави на седници на совет, записници од седници на совет и службени гласила.
Според истражувањето, Аеродром, Карпош и Центар се најтранспарентни општини во изборната единица 1, Кисела Вода спаѓа во транспарентни општини, Македонски Брод и Сопиште во делумно транспарентни, а Сарај, Студеничани и Чаир во нетранспарентни општини.Станува збор за проект „Транспарентност на општините при објавување на информации од јавен карактер на општинските веб страници“, со ко