Според анкетираните жителиСпоред резултатите од анкетата за задоволството на граѓаните од работата на Општина Аеродром што беше спроведена во текот на ноември на 2721 репрезентативен примерок, нејзините жители сметаат дека таа е една од најдобрите општини.
На прашањето каква е вашата оцена за Општина Аеродром, споредено со другите општини, дури 85 проценти од анкетираните одговориле најдобра или меѓу подобрите. Само 4 проценти од испитаниците сметаат дека Аеродром е меѓу полошите или најлоша, а 11 проценти немаат одговор.
Граѓаните, исто така, искажале голем процент на задоволство од работата на администрацијата, од транспарентноста, од хигиената во општината, но пред сè од проектите што ги работи, меѓу кои спортските центри Јане Сандански и Ново Лисиче, спортските игралишта во сите населби, реконструкцијата на спортските сали во училиштата, изградбата на водовод и фекална инфраструктура во руралниот дел, проширувањето и изградба на нови паркиралишта, изградбата на 9 нови паркови, доделувањето бесплатна парична помош за бебиња, изградбата на нова детска градинка „Сонце“, новите детски градинки во Горно Лисиче и во Јане Сандански предвидени за 2016 година, воведувањето бесплатен англиски јазик во градинките, бесплатната училишна облека, како и размената на најдобрите ученици и настава во Лондон.
Со оглед на тоа што граѓаните искажаа задоволство од хигиената, Општина Аеродром во иднина, како и до сега, преку средби, анкети и други видови комуникација со нејзините жители, ќе ги земе предвид нивните мислења и сугестии во интерес на општината и на нивните потреби.
Во однос на интонирањето на македонската химна во основните училишта 48 проценти од испитаниците се изјасниле позитивно во однос на интонирањето на химната, 38 проценти негативно, а 14 проценти се неутрални. Дел од испитаните граѓани, кои не се согласуваат химната на Република Македонија да се интонира секој ден, даваат предлог тоа да се прави еднаш неделно. Општина Аеродром, почитувајќи ги сугестиите на граѓаните, донесе одлука химната да се интонира само во понеделник во рамки на училиштето, како што беше минатата година.
Исто така, поголемиот број од анкетираните граѓани, поточно 48 проценти имаат негативно мислење и сугерираат да бидат консултирани пред да се воведе зонско паркирање, што Општината ќе го почитува и ќе дозволи зонско паркирање исклучиво на локации за кои граѓаните ќе бараат со големо мнозинство.
Резултатите од анкетата во делот на проектите покажаа дека Општина Аеродром се движи во добра насока и затоа таа ќе продолжи да инвестира во инфраструктурата и образованието, како и во изградба на спортски објекти и паркови. Според резултатите од анкетата за задоволството на граѓаните од работата на Општина Аеродром што беше спроведена во текот на ноември на 2721 репрез