Проект „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“, финансиран од Европската унија денеска ќе биде презентиран во општина Аеродром.Настанот е наменет за сите млади луѓе и жени (студенти и невработени), претставници на приватниот сектор и компании, кои се потенцијални работодавачи. Поканети се и претставници на релевантни институции и организации што работат на полето на поддршка и јакнење на економскиот потенцијал на младите и жените, како и претставници на локалната самоуправа.
– Главна цел на проектот е да им помогне на младите луѓе и жените преку зголемување на нивната конкурентност на пазарот на трудот и капацитетите за вработување и самовработување, со цел формирање нови бизниси, како и создавање движечка сила, која ќе овозможи континуирано градење на капацитетите и поддршка на професионалниот развој, информира општина Аеродром.
На настанот ќе биде презентирана планираната проектна програма која ќе вклучи-обуки за вработување и самовработување, обуки за започнување бизнис, ИТ-курсеви, курсеви по англиски јазик, работни практики во повеќе компании, креативни работилници, менторски сесии, он-лајн курсеви за развој на вештини и лансирање на одржлива платформа за е-учење, бизнис план натпревар и финансиска помош од 3.000 евра за пет бизнис идеи.
Проектот го имплементираат Фондацијата за претприемачки сервис за млади (координатор), ЗИП Институт, Ромската организација на жените „Даја“, како и Фондација Футуре 21.
Повеќе информации може да се најдат на www.pretpriemac.mk.Настанот е наменет за сите млади луѓе и жени (студенти и невработени), претставници на приватниот сектор и компании, кои се потенцијални работодава