Во ЈУДГ „Буба Мара“ минатата недела во сите четири објекти се реализираше работилница на тема „Препознај го насилството!“ во која учествуваа деца од воспитните групи на возраст од 5 до 6 години.Активностите на работилницата се одвиваа во неколку фази, од понудените фотографии децата препознаваа насилно однесување, потоа следеше разговор, за на крај ликовно да се изразат и да кажат „Стоп на насилното однесување врз децата“.
Целта на работилницата е препознавање на насилството врз децата во дадена ситуација. Спроведената работилница е во рамките на областа за промени на развојниот план на детската градинка „Заштита на децата од насилство“.Активностите на работилницата се одвиваа во неколку фази, од понудените фотографии децата препознаваа насилно однесување, потоа следеше разгов