На 17.10.2016 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 56-та седница на Советот на Општината.На дневниот ред на седницата се следните точки:
Предлог-Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Аеродром за 2016 година
Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Аеродром за финансиско учество за реконструкција на улица Мите Богоевски
Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 3585/5)
Предлог-План за измена и дополнување на План за јавни набавки на ОА за 2016 година
Предлог-Заклучок за усвојување Информација од Комисија за урбанизам на Општина Аеродром за отпочнување постапка за изработка на ДУП за градска четврт ЈИ 06 Блок 3, Општина Аеродром број 18-4165/1 од 03.10.2016 година
Предлог-Заклучок за усвојување Информација број 18-4094/2 од 10.10.2016 година, од Комисија за урбанизам на Општина Аеродром, за прекин на постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 12 блок 2,3,4 и 5, врз основа на Барање од АД ЗУМ ДООЕЛ, Скопје
Предлог-Заклучок за усвојување Информација број 18-4159/2 од 10.10.2016 година, од Комисија за урбанизам на Општина Аеродром, за отпочнување постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 12 блок 2,3,4 и 5, врз основа на Барање од ОЗОН ДООЕЛ, Скопје
Предлог-Заклучок за усвојување Анекс на Годишен извештај за работа на ООУ „Лазо Ангеловски“ за учебната 2015/16 година
Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ООУ „Ѓорѓија Пулевски” за учебната 2016/2017 година
Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ООУ „Димитар Македонски” за учебната 2016/2017 година
Предлог-Заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2015/2016 година
Предлог-Заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2016/2017 година
Предлог-Заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2015/2016 година
Предлог-Заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2016/2017 година
Предлог –Одлука за именување членови на УО на ЈДГОА „Срничка“ претставници на Советот на родителите
Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром, за период од 27.04.2016 година до 15.07.2016 година
На дневниот ред на седницата се следните точки:
Пронајдете не на следниве мрежи: