Африкански селани убиле група здравствени работници кои се бореле против Еболата!

Тимот здравствени работници  во придружба на новинари дошле во селото да ги образуваат  луѓето за тоа како да го избегнат ширењето на Еболата. Наместо тоа, група локални жители се свртеле кон работниците напаѓајќи ги со ножеви и камења и убиле осум од нив, велат очевидци.Во соопштението од Владата на Гвинеја се вели дека шест лица се уапсени во врска со нападот од минатата недела врз здравствените работници кои вршеле дезинфекција и едукација за превентивни методи.
Ужасното насилство во селото Вонеи ги нагласува недовербата и стравот кои останале во областа скоро девет месеци откако тука почина првата личност од она што подоцна беше откриено дека е Ебола. Болест која може да предизвика крвавење од очите, устата и ушите никогаш порано не се јавила во овој шумски предел во Африка. И кога тоа се случи селаните веднаш помислија дека странците ја донеле.
И претходно се случувале напади врз здравствените работници во неколку од погодените земји,но ова се првите жртви.
„Владата најостро ги осудува постапките на овие жители на Гвинеја вклучувајќи ги и лицата кои ги извршувале своите должности во тоа време. Овие злодела доаѓаат во време кога меѓународната заедница се мобилизира за да им помогне на погодените земји во нивната борба против вирусот Ебола“
Доктори без граници во април мораа привремено да ги суспендираат операциите во Мацента, Гвинеа откако толпа луѓе го нападна објектот. Масата ги обвини здравствените работници за отпочнување на болеста. Млади луѓе фрлаа камења по здравствените работници, но никој не беше сериозно повреден.
Повеќе од 2600 луѓе умреа  ширум Африка од Ебола, вклучувајќи најмалку 500 лица од Гвинеја.Во соопштението од Владата на Гвинеја се вели дека шест лица се уапсени во врска со нападот од минатата недела врз здравствените работници кои врше

Пронајдете не на следниве мрежи: