АГЕНТ НА ЦИА: Подмитувавме политичари за да предизвикаме војна на Балканот!

Подмитувавме партии и политичари кои поттикнуваа омраза меѓу нациите, порача поранешен агент на ЦИА чија задача на почетокот од 90-тите било ширењето пропаганда за меѓунационалната омраза.Поранешниот агент на ЦИА Роберт Баер во неколку книги ги открил тајните на таа агенција и тајните на владите на поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш. Бил апсен и затворан неколку пати. Како постар оперативец на ЦИА Баер работел во Југославија во периодот од 1991 -1994 година и на Блискиот исток. Учествувал во создавањето на неколку документарци на Нешенел Џиографик, пишува Веб Трибјун.
Кога пристигнавте во Југославија, каде точно беше тоа и кои ви беа задачите?
– Пристигнав со хеликоптер со уште три агенти. Слетавме на 12 јануари 1991 во Сараево. Задачата ни беше да внимаваме на наводните терористи од српска националност кои би требало да го нападнат Сараево.
За кои терористи се работи и зошто би требало тие наводно да извршат напади?
-Се работи за српски терористи, добивме досие дека групата по име „Врховна Србија“ планира да изведе бомбашки напади на клучни згради во Сараево поради желбата на Босна да излезе од тогашната Југославија.
Дали постоеше таква група и што точно правевте во Сараево по наредба на врвот на ЦИА?
– Таква група никогаш не постоела и нас ЦИА не измами. Имавме задача да предупредуваме и да шириме паника помеѓу политичарите во Босна едноставно им ја полневме главата дека Србите ќе нападнат. Во почетокот и ние ја прифаќавме приказната но после малку се запрашавме. Зошто дигаме паника кога таа група очигледно не постои.
Кога и како се заврши таа операција и дали имаше некое име?
– За мене се заврши по две недели, добив нова задача во Словенија. Инаку операцијата траеше уште месец дена по името „ВИСТИНА“. Иако беше се само тоа не.
Велите сте отишле во Словенија, по кој повод?
– Таму добив инструкции дека Словенија е подготвена да прогласи независност, добивме пари, неколку милиони долари, со тие пари ние ги финансиравме разните невладини организации, опозициските партии и разните политичари кои ја разгоруваа омразата.
Какво мислење имавте поради таа пропаганда од страна на ЦИА, и што за тоа мислеа вашите колеги?
– Секако не се одбива задача од ЦИА, особено не тогаш бидејќи сите беа нервозни и склони кон параноја. Многу агенти и високи чиновници во ЦИА исчезнуваа само затоа што одбиле да работат на пропагандата против Србите во Југославија. Јас бев лично шокиран од количеството лаги на нашата агенција и политичарите. Многу агенти на ЦИА работеа пропаганда, а да не беа ни свесни што работат. Едноставно секој го одработува делот од приказната и само оној кој ја склопил целата приказна ја знае позадината, а тоа се политичарите.
Значи постоеше пропаганда исклучиво против Србите?
– Да и не. Пропагандата имаше за цел да се искараат државите и тие да се одвојат од матичната Југославија. Моравме да избереме жртвено јагне кое ќе биде виновно за се. Некој кој би бил одговорен за војната и насилството. Србија е избрана бидејќи на некој начин беше наследничка на Југославија.
– Можете ли да ги наброите политичарите кои во бивша Југославија беа платени од страна на ЦИА?
– Да, иако е тоа деликатно. Стипе Месиќ, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ, многу советници и членови на владата на Југославија, платени беа и српските генерали, новинари, па дури и поединечни воени формации. Едно време платен беше и Радован Караџиќ но престана да зема пари кога сфати дека ќе биде жртвуван и обвинет за злосторствата во Босна. Него го затвори американската влада.
Споменавте контрола и финансирање на медиумите, како точно се спроведуваше тоа?
– Тоа веќе се знае, поединечни агенти на ЦИА беа задолжени за пишување на службени изјави кои водителите ги читраа на вестите. Секако водителите ништо не знаеа, тие тоа го добиваа од своите шефови а тие од своите кои беа наши луѓе. Постоеше една задача за сите, а тоа е преку телевизијата да се шири омраза, национализам и потполно се истакнуваа разликите помеѓу луѓето.
Што мислите генерално зошто Југославија се распадна, зошто вашата влада имала желба да го стори тоа?
– Се е јасно, луѓето кои некогаш провоцираа војна а воедно и зборуваа за мир, сега се сопственици на компании кои ги експлоатираат разните рудни богатства и слично. Едноставно, направија од Вас робови, вашите луѓе работат за џабе и тој производ оди во Германија и Америка и тие заработуваат. А вие уште на крајот морате да го откупувате и увезувате тоа што самите сте го направиле бидејќи немате пари морате да се задолжите, тоа е целата приказна со целиот Балкан.
Не бевте активни на Косово како агент на ЦИА, но дали тука имаше некаков притисок од страна на Америка?
– Како не. Косово е одземено поради две причини, прво поради рудните и природни ресурси а второ Косово е воена база на НАТО. Во срцето на Европа е нивната најголема воена база.
Имате ли порака за луѓето од поранешна Југославија?
– Имам. Нека заборават на минатото, тоа е исценирано и лажирано. Изманипулирани сте, тие го добија она што го сакаа и глупаво е вие се уште да се мразите, морате да покажете дека сте посилни и дека сте сфатиле кој го направи сето тоа. Јас искрено се извинувам. Затоа и долго време ги разоткривам тајните на ЦИА и Белата куќа.
Извор: Инфомакс.мкПоранешниот агент на ЦИА Роберт Баер во неколку книги ги открил тајните на таа агенција и тајните на владите на поранешните американски претседател

Пронајдете не на следниве мрежи: