АХВ: Николовски шири паника и невистини за политички поени

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во реакција на тврдењата на техничкиот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски дека се продава алкохол со висока содржина кофеин истакнува дека некомпетентно и нестручно толкувал резултати од лабораториски анализи од Институтот за јавно здравје и со пласирање невистини свесно ги довел во заблуда граѓаните и родителите.Николовски, смета АХВ, се води од интерес за собирање ситни политички поени, со елементарна неспособност ги чита прописите за безбедност на храната и шири паника, сакајќи да ја урне довербата на граѓаните во институциите на системот и несвесно сее страв за здравјето на потрошувачите.
Прописите, нагласува Агенцијата за храна, се јасни, недвосмислени и важат еднакво за сите.
– Согласно Правилникот за начинот на означување на храната (Службен весник на РМ број 118 од 2005 година), кој е комплетно усогласен со европските правила за означување на храната, кој беше на сила во моментот кога е увезен пијалокот, кој само за Николовски е небезбеден. Во него, во членот 19 јасно е дефинирано дека пијалоците кои содржат и кофеин од кој било извор, во количина поголема од 150 милиграми на литар, потребно е само да се означат со ознаката „висока содржина на кофеин“ што е сторено и во конкретниот случај, односно, ваквото означување и тогаш било истакнато на производот кој се извезува и на пазарите во Европската унија, појаснува АХВ.
Стручното мислење од Институтот за јавно здравје на кое се повикува Николовски, според АХВ, не е во согласност со Правилникот за начинот на означување на храната. – Тоа не е ниту побарано, ниту одобрено од Агенцијата за храна и ветеринарство која како стручна и одговорна институција за безбедноста на храната сама ги толкува резултатите, поради што истото се смета исклучиво за став на Институтот за јавно здравје и за личен став на одговорното лице кое го подготвило конкретното стручно мислење, стои во реакцијата.Николовски, смета АХВ, се води од интерес за собирање ситни политички поени, со елементарна неспособност ги чита прописите за безбедност на храната

Пронајдете не на следниве мрежи: