По селективниот турнир кој се одржа кон почетокот на летото на кој зедоа учество над 100 натпреварувачи во сите категории и дисциплини, Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ од Битола, ја направи својата селекција од најдобрите за оваа 2015 година кои ќе ја претставуваат WFMC Македонија на светското првенство.Но, поради тешката финансиска ситуација, од потенцијалните 25 натпреварувачи, по интерен договор и селекција на мајсторот Златко Неделковски, оваа година тимот ќе се состои од 15 натпреварувачи, кои ќе земат учество на светското првенство во боречки вештини и борби, кое оваа година ќе се одржат во Хаген, Република Германија во периодот од 16 до 18 октомври.
Предводени од претседателот на WFMC за Македонија, Златко Неделковски и двократниот светски шампион во екстремна самоодбрана и главен тренер Дијана Неделковска во Хаген ќе патуваат и Аце Кочовски, Џансел Алимовска, Кристијан Стојаноски, Сунај Мифтар, Марија Трпеновска, Антонио Десковски, Марина Сиљанова, Филип Стојановски, Маја Кузманова, Катерина Барабановска, Јулијана Милошевска, Емилија Бошевска, Христијан Котевски и Емилија Милошевска.
Како и минатата година, и оваа, Академијата ќе има свои претставници во дисциплините: самооодбрана, музички форми со оружје, лајт контакт борби, семи контакт борби и фул контакт борби.
Подготовките веќе се во сериозна фаза, и според изјавата на мајсторот Златко Неделковски дисциплината и подготвеноста на секој член од тимот е веќе на завидно професионално ниво што не е причина да се прекине со макотрпните тренинзи, кои овие натпреварувачи ги имаат по најмалку два пати во текот на денот.
Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола 2013 година на Светските првенства кои се одржаа во Атина, Република Грција, со тим од 4 натпреварувачи се вратија со 4 светски шампионски титули, една вице шампионска титула и две бронзени медали, додека од Светското првенство за 2014 кое се одржа во Умаг, Република Хрватска, со тим од 10 натпреварувачи се вратија со 11 светски шампионски титули, 7 вице шампионски титули и 5 бронзени медали.
Вкупно, во 2013 со 4 натпреварувачи освоени се 7 светски медали, а во 2014 со 10 натпреварувачи освоени се 23 светски медали.
Горди што преку спортскиот дух на другарување и натпреварување успеале 15 пати да се интонира македонската химна на сред Атина и Умаг и исто толку пати на највисокото, прво место да се вее македонското знаме, како и секогаш, скромно не сакаат да даваат никакви предвидувања и очекувања за предстојното светско првенство.
Главниот тренер, Дијана Неделковска само кратко изјави дека моментално се фокусирани само на подготовките и дека единствена цел и желба и е сите 15 натпреваувачи, меѓу кои и самата таа да бидат во добра форма и здравје и да земат учество во своите дисциплини. Ништо друго во моментов не е битно. Инаку Дијана Неделковска, и минатата година ја понесе титулата Светски шампион во екстремна самооодбрана во апсолутна категорија за 2014, втора година по ред за што и доби низа признанија од градот.
Изостана она од 2013 кога колегите и се заблагодарија за овој успех со нејзино прогласување за спортист на годината. Оваа година манифестацијата не се одржа за прв пат во нејзиното 51 годишно постоење.
Битно е да се напомене дека демонстрациите се изведуваат по философијата на TFS – ESD *[Top Fighting System – Effective Self Defense], уникатната боречка вештина чиј основач и креатор е мајсторот Златко Неделковски, кој по 10 години работење на истата, 2013 година на годишниот состанок на Светската асоцијација на тренери за боречки вештини – WTA *[World Trainers Association] во Атина, официјално се стекна со Сертификат за големи достигнувања во областа на боречките вештини со што и официјално беше признаена неговата уникатна, целосно македонска боречка вештина, чин кој ја стави Република Македонија како 25-та држава од 196 признаени од ООН кои имаат свои, национални боречки вештини.
Минатата 2014 година, неговиот голем придонес во светот на боречките вештини беше потврден од Советот на мајстори и Светската федерација WFMC претставувана од претседателот Akkus Isa на специјална церемонија на која на мајсторот Златко Неделковски со посебни почести му беше доделен Сертификат мајстор 8-ми дан во Кик Бокс. Сега за нив најбитно е секој натпреварувач да ја изработи демонстрацијата или борбата професионално со што ќе го потврди реномето на најдобрата академија за боречки вештини во Македонија. За медалите, пиедесталот и се останато овие спортисти воопшто и не размислуваат.
Скромност и посветеност во перфекционизмот е она на што тие работат во деновите на припреми. Особина на која што мајсторот Златко Неделковски со 45 годишно искуство е особено горд на своите ученици.Но, поради тешката финансиска ситуација, од потенцијалните 25 натпреварувачи, по интерен договор и селекција на мајсторот Златко Неделковски, оваа