Градот Скопје во текот на изминативе три дена (19, 20 и 21 декември) спроведе вонредна акција во која беа вклучени екипи на јавните претпријатија на Градот, односно вработени од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Паркови и зеленило“.Работниците од ови три јавни претпријатија со помош на механизација и рачно ги расчистуваа дивите депонии, парковското зеленило, ги чистеа од наноси на песок, земја и лисја сливниците и ги метеа улуците во општината Гази Баба.
Ваква тридневна акција почна да се реализира вчера и ќе трае до утре и на територијата на општина Чаир, а од 26 до 28 декември ќе се реализира во општина Центар.
Со акцијата на Градот Скопје ќе бидат опфатени сите нејзини општини, а планот за работа на јавните претпријатија коишто се вклучени во нејзина реализација ќе се одвива во зависност од временските услови.Работниците од ови три јавни претпријатија со помош на механизација и рачно ги расчистуваа дивите депонии, парковското зеленило, ги чисте