Општина Кисела Вода започна со акција за крпење на ударните дупки во неколку населни места на својата територија.Активностите за крпење на ударните дупки кои веќе се во тек во населба Драчево, село Драчево и во населба Припор на ул. Христо Татарчев – крак 23, според предвиденото треба да заврши до 25 јуни.
Градежните активности ќе продолжат и на улиците во Црниче и Пржино каде што е предвидена санација – крпење на ударни дупки со површина од 300 квадратни метри. Општина Кисела Вода како и досега, така и во иднина ќе продолжи да работи на санирање на ударните дупки.
Изведувач на градежните активности за санација – крпење на ударните дупки е „Изолација“ ДОО Скопје.Активностите за крпење на ударните дупки кои веќе се во тек во населба Драчево, село Драчево и во населба Припор на ул. Христо Татарчев – крак 23,
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.