Од петок, 3 март, Општина Аеродром во соработка со Град Скопје ќе почне акција за собирање кабаст отпад.Акцијата ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, а граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 7 до 9:30 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства.
Од Општината апелираат, да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.
Акцијата на 4 март ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.Акцијата ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, а граѓаните кои имаат кабаст отпад, в