Акцијата за пошумување во Малешевијата одложена

Ниските теператури и снегот во Малешевијата ја одложија денешната акција Ден на дрвото. Според директорот на  Јавното претпријатие за шумско стопанство „Малешево“, Никола Атанасов, акцијата ќе се реализира наредната недела кога ќе дозволат временските услови.– Утрово температурите во Малешевијата се спуштија до -12 степени, а ако на тоа се додаде и снегот од 18 сантиметри на местата планирани за пошумување, значи дека условите не дозволија да ја реализираме денешната акција. Инаку, планирано беше да се засадат 40 илјади садници од бел и црн бор, јавор, јасен, багрем и дуглазија и тоа на месноста над селото Смојмирово, каде лани шумата беше уништена од пожар, како и на локација на населбата Јуовец во Берово. Но, акцијата ќе ја спроведеме наредната недела кога ќе дозволат временските услови, рече Атанасовски.
Денеска во Берово симболично беа засадени садници во дворовите на училиштата во градот и селските населби.
Во Пехчево под мотото „За зелено Пехчево-засади ја својата иднина“ денеска градоначалникот Игор Поповски заедно со вработените од општината засадија над 50 садници црн бор. Во разубавување и разеленување на зелената површина учествуваа сите ученици  од основното училиште во општината и средношколците кои садеа садници во училишните дворови, а најмладите во градинките.
– Колку оваа акција ќе биде успешна зависи од нас самите. Ако ги чуваме и правилно ги одгледуваме новите садници тие за некоја година ќе нѐ „наградат“ со почист воздух, поздрава и поубава околина за живеење. Затоа апелирам до своите сограѓани заедно да ги чуваме младите дрвца и да не дозволиме никакви вандалски однесувања затоа што чувајќи ги дрвцата ќе добиеме непроценливо богатство кое во иднина за нашите деца ќе значи и поубав свет, истакна градоначалникот Поповски.
Акција за пошумување во Пехчево ќе трае во текот на целиот месец и ќе бидат опфатени и делови од планината Буковик каде што веќе се подготвени местата за садење, каде ќе бидат засадени над 10.000 дрвца од видот црн и бел бор.– Утрово температурите во Малешевијата се спуштија до -12 степени, а ако на тоа се додаде и снегот од 18 сантиметри на местата планирани за п

Пронајдете не на следниве мрежи: