Аки Ракимовски: „Даниел Кајмакоски е мојот фаворит!“

Во ревијалниот дел на популарното музичко шоу “Х Фактор“ публиката уживаше со големите хитови на групата Парни Ваљак која само за оваа прилика допатува специјално од Загреб во Белград.

Фронтменот на групата Аки Рахимовски со својот бенд во студиото пристигнал неколку часа пред почетокот на емисијата, без некои посебни барања од продукцијата.
По одличниот настап, сите финалисти на шоуто Х Фактор сакале да се запознаат со бендот, а Аки ги охрабри да продолжат да се борат за својот сон, а потоа и на продукцијата и призна дека има свој фаворит:
-Мој фаворит е мојот Македонец, Даниел Кајмакоски. Одличен вокал, има емоција додека пее и одличен однос со публиката! Иако има и други одлични пејачи во Х Фактор! – рече Рахимовски кој утре со бендот Парни ваљак ќе одржи концерт во Белград.
Даниел пак е воодушевен од поддршката која ја добива од познатите личности: Секогаш не може да се опише чувството кога ќе ве поддржи некој кој е веќе изградено име во музичката индустрија. Му благодарам на Аки од срце – рече скромното момле од Македонија.

Од продукцијата на шоуто соопштија интересен детал од вторничното издание на шоуто.
Имено, Даниел не бил задоволен од тоа како ја испеал песната, па малку се осамил, но зад сцената му дошло едно тригодишно девојче со своите родители кои го замолиле да се сликаат и тогаш девојчето му рекло на Даниел:
-Немој да си тажен, ти за мене си најдобар – што предизвикало силни емоции кај Даниел, поради што му се насолзиле очите, велат од продукцијата.

 

Фронтменот на групата Аки Рахимовски со својот бенд во студиото пристигнал неколку часа пред почетокот на емисијата, бе

Пронајдете не на следниве мрежи: