Ако албанските партии коалицираат со СДСМ, балканската геополитика ќе биде променета засекогаш

Италијанскиот весник „Ла Верита“ во рамки на интервјуто со министерот за надворешни работи Никола Попоски дава и свој осврт на ситуацијата на Македонија во последните две години, притоа се посочува дека во јули 2014 –та италијанскиот министер за надворешни работи Федерика Мoгерини го посети својот македонски колега во Скопје.
 ТВ Нова побара коментар за овој осврт од авторот на текстот Ларис Гаисер, словенечки геополитички аналитичар кој вели дека тоа што на Македонија и се случи во изминатите 2-3 години е многу важно за да се разбере што се случува во светот.
– Сакав да ја прикажам ситуацијата во Македонија за да му покажам на светот дека меѓународната ситуација, меѓународната средина во последната деценија е целосно сменета. Во  која смисла? Веќе не е заснована на рамнотежата на силите на различните нации кои се обидуваат да остварат национален интерес, туку е повеќе базирана на партиски интерес, во случајов, под администрацијата на Обама на интересот на либерал-социјалистите, што е целосно спротивно на логиката на меѓународните односи.
Втората цел ми беше да ги информирам прво Италијанците, но и Европејците, дека Македонија им е стратешки партнер на ЕУ и на НАТО и не можеме да си дозволиме дестабилизација на вашата земја. Тоа што се случуваше изминатата година мислам дека е јасен проект на дестабилизација на Македонија што значи и дестабилизација на Балканот. До сега имате десетици НВО-а финансирани од само еден извор и ако тој извор е Сорос се разбира дека можете да кажете дека Сорос влијае на внaтрешната политика, тоа е јасно без никаква дискусија.
Но, ако е Сорос само играч и да речеме дека не е само Македонија, туку секаде каде е присутен се обидува да влијае на внатрешната политика, добро е ако Сорос го финансира граѓанското општество, многу е добро ако Сорос финансира нешто што е добро за луѓето, но кога Сорос покажа дека се обидува да влијае на внатрешната и на меѓународната политика, во тој случај не е добро и не може да се прифати, затоа што тоа е финансиска, а не демократски одговорна институција која се обидува да го оформи светот. Светот се базира на демократија, парламенти и држави и само нив им е дозволено да ја водат меѓународната политика, вели Гаисер.ТВ Нова побара коментар за овој осврт од авторот на текстот Ларис Гаисер, словенечки геополитички аналитичар кој вели дека тоа што на Македонија и

Пронајдете не на следниве мрежи: