Ако мислевте дека НЕ Е сте се излажале! Еве зошто СЕКСОТ во БРАКОТ Е НАЈДОБАР

Многумина мислат дека во брак сексот станува здодевен, монотон и неинтересен, но сепак тоа се само предрасуди.Има многу причини поради кои токму сексот во бракот е подобар од оној во врска, а ние ви носиме седум причини поради кои брачните парови имаат одличен сексуален живот.
1. Во целост го знаете телото на вашиот партнер
Знаете каде смеат да одат вашите раце, а каде не се посакувани. Вашиот партнер знае вие што сакате, а што не поднесувате. Добро се знаете и измеѓу вас веќе нема непријатни ситуации во кревет.2. Сте „докторирале“ во секс на брзина
На почетокот од врската сте работеле на тоа да го направите задоволството што подолго, а сега знаете дека нема ништо лошо во добар секс „на брзина“, особено кога немате премногу време поради работата и другите обврски.
3. Самите дефинирате што ви одговара
Повеќе не се оптоварувате со правила за сексот кои ни ги наметнува поп културата. Ако не ви се експериментира со позите, уживате во добрата стара мисионерска поза без оглед на тоа кој ја нарекува „здодевна“. Вам во целост ви одговара и секогаш ве доведува до оргазам.

4. Секси игрите стануваат позабавни
На паровите кои сепак сакаат малку возбудување и експериментирање, бракот им овозможува чувство на доверба и сигурност, па благодарение на тоа можат отворено да разговараат за се` што би сакале да испробаат.5. Искуство на симултан оргазам
Истражувањата покажале дека симултаните оргазми т.е. ситуацијата во која двајцата партнери истовремено доживуваат оргазам е почеста кај паровите кои се долго време заедно и во брак. Поврзаноста и довербата влијаат врз сексуалниот живот, а фактот што добро ги познавате „критичните точки“ кај партнерот за задоволство ви гарантира експлозивен секс.
6. Поопуштени сте
Вашиот партнер повеќе не го вовлекува стомакот, а вие понекогаш заборавате да ги издепилирате нозете. Сфативте дека не мора секоја секунда да сте „совршени“.
 
7. Посветени сте еден на друг 
Што ако всушност не ме сака? Дали и` се допаѓа мојата техника? Дали пребрзо ќе доживеам оргазам? Сите тие прашања ни поминуваат низ главата за време на сексот на почетокот од врската, но во моментот кога ќе склопите брак и ќе дадете завет за вечна љубов, сите тие прашања ќе ги заборавите и ќе се препуштите еден на друг.Има многу причини поради кои токму сексот во бракот е подобар од оној во врска, а ние ви носиме седум причини поради кои брачните парови имаат одли

Пронајдете не на следниве мрежи: