Ако можевме да ја заштитиме Европа од eмигрантите, можеме и Македонија од предавниците

По објавувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори во Македонија на кои победата ја однесе ВМРО-ДПМНЕ, партијата, чијашто политика не беше во согласност со пропуштање на емигрантите низ балканската маршрута, почнаа да пристигнуваат и честитки за новата влада во Македонија.Со честитките, селективно, први се јавија тие што уште во предизборието ѝ даваа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Од земјите-членки на ЕУ, очекувано, први се јавија Австрија и Унгарија, државите што се први на удар од емигрантската криза по нашиов бедем на јужна граница. Од Балканот прва се јави Србија, државата, чијашто јужна граница би била под директен напад доколку Македонците на југ попуштат со бедемот и сѐ така со ред, еднаподруга, како домино, каков што би бил и ефектот доколку ВМРО-ДПМНЕ не е на власт.
Од Западна Европа, пак, очекувано, се јавија десничарските партии, кои жестоко се противат на пропуштањето емигранти од Блискиот Исток, десничарите што ги засега прашањето „што ќе биде со мојата држава?“ тие честитаа за победата на сестринската партија, која, пак, покрај идеологијата, со својата политика им го чува и интересот, а држава се гради со работење за државниот интерес, наспроти за туѓиот, како што работи македонската левица, ако воопшто може да се нарече македонска.
Но имаше и такви што не само што не честитаа, туку еве ги, сѐ уште притискаат да се анулира победата на ВМРО-ДПМНЕ. Не честитаа евробирократи на кои поимот држава не им значи ништо, евробирократи што работат на тастер и против своите поранешни татковини од кои се откажале, не честитаа европските левичари, не честита Бејли, кој си ги одбројува деновите додека да биде отповикан од должноста.
Во моментов кога го пишувам ова, македонскиот народ се организира и се собира да излезе на улица, да си ја одбрани државата, да го спречи разнебитувањето на сопствената држава, која ја доби со многу жртви низ историјата. Со македонскиот народ ќе излезам и јас, и сите други што сакаат да опстане нашата држава бидејќи немаме друга, а тешко дека ќе бидеме кираџии. Ќе излеземе да ги испратиме во историјата сите тие што ѝ посакуваат смрт на државата, да ја испратиме во историјата ваквата македонска левица, која преку своите медиуми соопштува дека ќе навива за смртта на Македонија. Уште не им кажале дека ќе немаат за кого да навиваат, тоа, можеби, ќе го дознаат денеска, откако народот ќе расчисти со сите што ѝ посакуваат смрт на оваа земја.Со честитките, селективно, први се јавија тие што уште во предизборието ѝ даваа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Од земјите-членки на ЕУ, очекувано, први се

Пронајдете не на следниве мрежи: