Ако СДСМ бега од нешто тоа е од фашизоидната реторика и скандалозните потези на нивниот лидер

Ако СДСМ бега од нешто тоа е од фашизоидната реторика и скандалозните потези на нивниот лидер. Оттука е потребата СДСМ да пуштаат соопштенија се со цел да се дефокусира вниманието на јавноста од тоталитарната матрица на Зоран.Сега за нив е тема загаденоста на воздухот. Кога СДСМ имаше можност да направи нешто за животната средина и амбиенталниот воздух, не мрдна со прст.
Напротив, во СДСМ беа ангажирани со нивните бомбона бизниси без да мислат на последиците од тоа.
Во време на СДСМ не се мереа ниту ПМ честици во воздухот ниту ниво на загаденост, а уште помалку се носеше регулатива во насока на заштита на природната средина.
Единствено нешто што направи СДСМ во насока на повисоки стандарди во индустријата беше затворањето на над 684 фабрики во кои работеа над 200 000 работници. Тие наместо филтри ставаа клуч на стопанските субјекти.
Ако не им е јасно што се постигна до денес во таа насока, ќе им повториме:
Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.
Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли.
Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.
Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици.
Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.
Граѓаните лесно може да проценат кој работи во насока на подобрување на квалитетот на воздухот , а кој не мрднал со прст кога имал можност.
За 143 дена народот ќе му се случи 10-тиот пораз на СДСМ токму поради ваквата лицемерна и манипулативна политика.Сега за нив е тема загаденоста на воздухот. Кога СДСМ имаше можност да направи нешто за животната средина и амбиенталниот воздух, не мрдна со прст.

Пронајдете не на следниве мрежи: