Ако се препознаете во овој текст, не сте ја преболеле поранешната љубов!

Дали во вашата врска, сеуште постои духот на некоја трета личност? Ако вие или вашиот партнер сеуште живеете во минатото, вашата врска нема иднина.
Иако без разговор, не можете да знаете дали поранешната љубов е често во мислите на партнерот, „WebMD“ состави листа со знаци кои можат да ви докажат дека има нешто соминително во вашата врска.  Премногу зборувате за својата поранешна љубов
Ако поранешното момче или девојка, често ја споменувате во присуство на моменталниот партнер, може да биде загрижувачки бидејќи новата врска не може да оди напред. Брачната советничка Џоан Шерман предупредува дека секоја приказна или анегдота која ќе ја кажеме за поранешната љубов на сегашниот партнер, може да ги повреди неговите чувства затоа што е заљубен во вас.
Криење на минатото
Не е добро да се ќути или крие за минатото затоа што спротивната страна може да помисли дека сте сториле нешто лошо или дека сеуште тагувате. Ако сте забележале дека партнерот не сака да зборува за минатата врска, суптилно започнете ја темата и дознајте повеќе.
Шпионирање преку Интернет
Ако вашиот партнер редовно го проверува профилот на поранешната девојка на Фејсбук, со надеж дека ќе најде нови информации, време е за сериозен разговор. Експертот за врски и односи и автор на книгата „Мажите се од Марс, а жените од Венера“, Џон Греј, истканува дека истражувањето за поранешната љубов и играта на детективи, значи дека нешто не е во ред.
„Ако партнерот секогаш има потреба да знае што се случува со поранешната девојка, ја заборава новата врска“ – објаснува Греј.

Контакт со поранешните партнери
Ако со поранешните партнери останете во пријателски односи, во ред е понекогаш да се чуете и да размените СМС пораки, но да биде во границите. Поранешните пријатели, ако се навистина добри пријатели, не би имале ништо против да се оддалечите малку.
Те сакам, не те сакам
Ако ви се чини дека вашиот партнер е понекогаш загрижен, а потоа се однесува како да сте соседи или само познаници, можно е сеуште да не е сигурен во своите чувства. За двата начина на однесување, одговорна е вината. Додека односите се ладни, се чувствува виновен бидејќи е со некој/а со кој не е сигурен дека сака да биде, а кога е нежен и топол, тоа го прави затоа што не сака никој да повреди.
Секс
Емоциите кои ги имате за поранешните партнери, може лесно да ве спречат да уживате во сексот, дури и да постигнете ерекција. Тоа е блокада која често се случува во вакви случаи бидејќи вината е посилна од желбата за секс.
Инстинкт
Понекогаш луѓето чувствуваат дека нешто не е во ред. Ако ви се причинува тоа, тогаш истражете, посебно ако имате потреба од проверка. Тоа значи дека не му верувате и најпаметно е отворено да поразговарате за тоа.Премногу зборувате за својата поранешна љубов
Ако поранешното момче или девојка, често ја споменувате во присуство на моме

Пронајдете не на следниве мрежи: