Ако ви се случи да голтнете гума за џвакање, да ви се залепи за коса, тепих…

Човекот отсекогаш имал често потреба нешто да џвака, бирал разни корени, слатка трева, листови, гранчиња и восок.Првата комерцијална гума за џвакање е направена во 1848 година, а на тоа се сетил Џон Бејкон Кертис. Тој ја направил од смола и парафин и била во розева боја.
Така револуционерниот производ се појавил на пазарот и многу брзо го заразил цел свет!
Израчунато е дека се консумираат 100 илјади тони гуми за џвакање годишно во свето, а само децата во Америка трошат половина милијарда долари за гуми за џвакање секоја година.
Гумите за џвакање, освен што имаат пријатен вкус, популарни се и со тоа што го намалуваат стресот, докажуваат научниците.
Без оглед на тоа што не се работи баш за здрав производ, бидејќи содржи скоро 70 проценти шеќер, секој ги сака, и млади и стари.
Меѓутоа има и нешто лошо освен шеќерот во врска со гумите за џвакање. Кога тие ќе се залепат за облека или коса!

Пред да се фатите за ножиците и да исечете прамен од косата на кој имате залепена гума за џвакање, прво земете лажичка со путер од кикирики и ставете го на праменот. Потоа полека, без влечење на влакната, втиснете го путерот од кикирики во гумата за џвакање. Маслото од путерот ќе ја намали густината на гумата за џвакање и таа ќе се разложи.
Потоа измијте ја косата со шампон и тоа е тоа!
Ако гумата за џвакање ви се залепи за облека, или тепихземете две коцки лед и ставете ги на облеката додека не се стопат. Од тоа гумата за џвакање ќе се стврдне и ќе биде полесно да ја отстраните.
 Првата комерцијална гума за џвакање е направена во 1848 година, а на тоа се сетил Џон Бејкон Кертис. Тој ја направил од смола и парафин и била во р

Пронајдете не на следниве мрежи: