Ако ви се случиле овие пет работи во врската, бегајте од неа што побрзо!

Loading...

Некои постапки не смеат да се простат. Некои од нив се болни, па таквата љубов не треба ни да се обидувате да ја оживеете.Кога се повредени, жените тешко простуваат, но ако мажот е доволно упорен и спремен да ги исправи своите постапки, и таа ќе направи уште еден чекор.
Но, постојат постапки што никако не смеат да се простат. Некои од нив се болни, па таквата љубов не треба ни да се обидувате да ја оживеете. Ги издвојуваме петте работи што никако не заслужуваат „втора шанса“.
1-Изневерување. Личноста која некогаш во животот ја изневериле најдобро знае какво е тоа чувство. Момент на слабост, болка во градите и очај- Така би можеле на кратко да го опишеме моментот на напуштање. Изневерувањето во вската се повеќе е составен дел од современите врски, и често сме сведоци на нечии неверства. Личноста која изневерувала знае дека тоа не е добро, но сепак причините за неверство се различно. Некогаш дури можеме и да ја оправдаме личноста која изневерила и да застанеме на нејзина страна, но во повеќето случаи не е така. Оној кој е изневерен останува сам и знае дека тоа не го заслужил. Затоа, ако партнерот ве изневери, најдобро е да излезете од неговиот живот.
2-Лажење: Лажењето е подеднакво „страшна“ работа, бидејќи носи чувство на разочарување и неверување во личноста која ве лаже. Не е важно дали лагата е голема или мала, во вашиот живот не ви се потребни лаги. Љубовта со лажење станува одење по тенка жица. Ако не раскинете со партнерот, секогаш ќе имате сомнежи што ќе ве мачат и во моменти кога нема потреба од тоа. Лагите се надоврзуваат една со друга, од безначајни водат кон лаги што ќе направат да промените се од корен. Изборот е ваш!

3-Љубомора: Љубомората е болка на многу луѓе. Некои совршено се снаоѓаат и вешто ја кријат, додека пак, други отворено говорат за тоа колку се љубоморни, а потоа го пренесуваат тоа во односот со партнерот и со една реченица уништуваат се. Иако можеби мислите дека можете да излезете на крај со љубоморна личност, два пати размислете, бидејќи на крајот „маските“ секогаш паѓаат.
4-Навреди и агресија: Не е исто, но подеднакво е страшно. Личноста која доживува навреди или агресија мора да побегне што подалеку. Никој не е должен да трпи нечии навреди, ниту пак насилно однесување. Запомнете: Личноста која дига рака на вас не е вредна ни секунда од вашето време.
5-Манипулација: Најчесто се работи за особи на кои премногу им дозволуваме да ја искористуваат нашата добрина, а во спротивно се лутат или ве уценуваат со „јас тебе еднаш… а ти мене сега вака“. Немојте да се плашите да го прекинете секој контакт со ваквата личност. Партнерите кои манипулираат во врската најчесто се плашат од самите себе, иако изгледаат многу самоуверено. Никој не смее да ви наредува, ниту да бара да правите или да зборувате нешто против своја волја. Таквите личности можат да се караат со аргументи и секогаш го добиваат она што го сакаат, бидејќи, ако нешто не е по нивно, не може да биде никако поинаку. Односно, ве манипулираат бидејќи им попуштате.Кога се повредени, жените тешко простуваат, но ако мажот е доволно упорен и спремен да ги исправи своите постапки, и таа ќе направи уште еден чекор

loading...