Активизам против насилството врз жените и девојчињата, меѓународна кампања на Обединетие Нации

16 Дена Активизам против Насилството врз Жените и девојчињата е меѓународна кампања на Обединетие Нации, која се одвива секоја година во периодот од 25 ноември (Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените) и 10 декември (Меѓународниот ден на човекови права).Здружение ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ Кочани, оваа година ќе биде дел од кампањата која ја организира Зонта Клубот од Скопје, со подршка на УСАИД.
Кампањата е наречена Зонта Вели НЕ на Насилството и ќе се одвива низ цела Македонија, преку проектот Женски Автобус. Женскиот Автобус ќе вози низ Македонија и ќе спроведува активности на отворен простор, а на 4 и 5 декември 2015 година ќе биде во Кочани и се планирани следните активности:
–  04.12.2015год. (петок) во 12ч. пристигнување на портокаловиот Женски Автобус НЕ во центарот пред ГТЦ Кочани, на паркинг просторот пред T-mobile.  Од тука, преку мостот кај стара Стоковна куќа, покрај кејот на реката до Дом на културата, преку мостот во градскиот парк, покрај кејот на реката, со влез на  платото во ГТЦ Кочани до паркинг просторот пред T-mobile Здружение ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ Кочани во соработка со Зонта Клубот, ќе се спроведе марш, во ГТЦ ќе се реализираат непосредни средби со граѓаните и од учесниците на маршот ќе се направи форма на панделка.
– 05.12.2015год.(сабота) во 11ч.- 17ч. во просториите на ресторант АЛЕ- ДАР Кочани ќе се одржи едукативна работилница за елиминирање на семејно насилство.
 Здружение ЕДНАКВИ ЗА СИТЕ Кочани, оваа година ќе биде дел од кампањата која ја организира Зонта Клубот од Скопје, со подршка на УСАИД.
Камп

Пронајдете не на следниве мрежи: