Активните мерки на Владата ја намалија невработеноста

Граѓаните ги користат активните мерки на Владата за вработување. Било да се работи за проектите за млади, за отворање сопствени бизниси, за самовработување, за разните обуки и практики, мерките се ползуваат и се отвораат нови работни места. Домашните компании го препознаа потенцијалот, имаат бенефит од разните олеснувања, доаѓаат до кадар со ниски трошоци, што го придвижува економското тркало во насока на развојот, пишува Лидер.Кои се актитвните мерки во Оперативниот план?
Со Оперативниот план за годинава е предвидено директно да се отворат над 8.700 работни места. Низ мерките и програмите ќе поминат 13.500 луѓе. Во планот има 28 мерки и обуки за сите кои се невработени, а се водат како активни баратели на работа. Ова е осми по ред Оперативен план.
-Во изминативе години преку мерките и програмите се остварени вработувања на над 40 илјади луѓе, од коишто на работните места се уште се околу 36 илјади луѓе, вели вицепремиерот Пешевски.
Меѓу мерките и програмите во Оперативниот план се: програма за самовработување со која се опфатени 970 невработени во 920 микро фирми, субвенционирани работни места преку поддршка за микро и малите фирми, проект за мобилност, условен паричен надоместок, субвенционирано вработување, субвенционирани работни места за луѓе со инвалидност. Тука се и обуките кај познат работодавач, обуки со субвенционирано вработување, обука за побарувани занимања, за ИТ вештини, за возачи, за занаети, практиканство.
„Македонија вработува“ отвори над 18.500 работни места!
На 15 април финишираше проектот „Македонија вработува“. Резултираше со отворање на над 18.500 работни места во речиси сите сектори на економијата.
-Поволностите кои ги нудеше проектот се ослободување од персонален данок и ослободување од плаќање на социјални придонеси. Зависно од категоријата, ослободувањето изнесува од 27 до 37 проценти до просечна бруто плата во период од 3 до 5 години, а за највозрасните до нивното пензионирање, вели дополнителниот заменик – министер, Диме Спасов.
-Со проектот се намалија трошоците за водење бизнис, бидејќи секое вработување намалено за социјалните придонеси е своевидна директна помош. Ова беше можност за компаниите да селектираат добра работна сила, оценува првиот човек на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.
-Македонија вработува“ опфати неколку категории луѓе: невработени до 35 години, работници од 35 до 50 години, невработени над 50 години, невработени во ризик, односно родители на три или повеќе деца, самохрани родители,  приматели на социјална парична помош, деца без родители, жртви на семејно насилство, лица со инвалидитет, професионални војници, родители на деца со пречки во развојот, а во последната група влегоа највозрасните со над 58 години, за кои работодавачот се ослободи од плаќање придонеси до пензионирање на работникот.
-Субвенционирањето, односно ослободувањето од придонеси во одреден дел е мерка која влијае на активната политика на вработување, со цел да се активираат ресурсите и да се намали стапката на невработеност, објаснува професорот Јован Пејковски.
Грантови за самовработување – активен оглас
Со грантовите за самовработување се отворени над 7.800 бизниси, креирани 8 илјади работни места. Огласот е се уште активен, заинтересираните треба да побрзаат.
-Оваа мерка им помогна на невработените да го оставарат својот сон, да се самовработат, да формираат сопствен бизнис, да заработуваат за себе, за своето семејство, меѓутоа и да отворат нови работни места. Ова е одлична можност за финансика поддршка со неповратни средства за сите оние кои имаат одредени размислувања за сопствен бизнис, вели Спасов.
Поддршката е во висина од 200 до 350 илјади денари во опрема и во репроматеријали, а на вториот оглас годинава се финансира отворање на 420 бизниси.
-Ги повикувам сите кои што се заинтересирани да се пријават на конкурсот кој што е во тек, апелира Емица Младеновска Спаси која има стоматолошка ординација и е корисник на грантот за самовработување.
Државни пари за „газелите“!
Отворање на нови работни места и поддршка за перспективните фирми е главна цел на мерката за поддршка на „газелите“.
-Поддршката на брзорастечките фирми „газели“ ќе допринесе за јакнење на домашната економија, односно за стимулирање на растот на домашните компании и за зголемен број на работни места, преку одобрување на средства за набавка на опрема во максимален износ од 615 илјади денари по фирма, се вели во Оперативниот план.
Се намалува стапката на невработеност
Државниот завод за статистика во континуитет регистрира намалување на стапката на невработеност во земјава, до актуелната од 24,6%.
Според податоците на Статистика, лани се отвориле 19 илјади 712 работни места. Дополнителен простор за оптимизам влева фактот што е регистрирано поместување во делот на невработеноста на младите, а тоа е показател дека мерките за вработување кои ја таргетираат оваа категорија даваат резултат.
Според универзитетската професорка Никица Мојсоска – Блажевски, податоците на Статистика се реални, бидејќи при пресметката се користи истата методологија од Европската унија.
-Се гледаат позитивни ефекти во економијата. Владините политики, како проектот „Македонија вработува“ и Акцискиот план за вработување млади, веројатно даваат ефекти, вели Мојсоска – Блажевски.Кои се актитвните мерки во Оперативниот план?
Со Оперативниот план за годинава е предвидено директно да се отворат над 8.7

Пронајдете не на следниве мрежи: