Периодот кој беше прогласен од Владата како кризен помина, Дирекцијата за заштита и спасување ја повлече механизацијата која работеше изминативе денови во расчистување на поплавените подрачја во Гази Баба.Упатувам голема благодарност до сите оние кои дадоа поддршка во механизација и луѓе за да можеме да ги нормализираме состојбите во кризните подрачја, до Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за транспорт и врски, градот Скопје, армијата на Република Македонија, Полицијата, општините и на сите компании кои дел од својата механизацијата ни ја отстапија да ни помогнат во расчистување на теренот.
Ние со несмален интензитет продолжуваме со активностите на терен, Министерството за транспорт и врски има склучено договор со шест компании со кои ние веќе работиме на терен, односно со таа механизација ги дофинализираме работите, во расчистување на депониите, а паралелно со тоа работиме на тампонирање на улиците.Во текот на претходните две вечери се работеше на расчистување на депонијата кај клучката во Стајковци, синојка работеа 12 камиони и 2 утоварувачи, во текот на денешниот ден на терен работат 49 камиони, 6 ваљаци кои што работат на места каде што ставаме тампон, 23 скипа, 3 багери, 7 боб кети, една машина која прави сечење на асфалтот онаму каде што треба да се санира и два утоварувачи. На терен се и јавните претпријатија од градот Скопје, фирмите кои што работат во општината, сезонските работници од нашето јавно претпријатие и од градот Скопје.Планот е сега да ги нормализираме приодите до секоја куќа, а крајот на следната недела да започнеме со реализирање на конкретни проекти по улици, односно да се направи анализа каде што е потребно да се вметне во проектот – атмосферска канализација, отворен канал и друго.До сега за тампонирање на улиците е однесен околу 5000 м3 дробен камен и 1000 м3 речен песок и до сега околу 10 км улици се истампонирани, во следниот период ќе се продолжи секаде каде што е потребно.За оние улици каде што имаме проект ќе се започне со постапка за избор на фирма, а паралелно со тоа ќе работиме и на уредување на каналите, со соодветни сливови и нивна заштита, за кои треба да добиеме препорака од ЈП Водостопанство Скопско поле, кои имаат надлежност на каналската мрежа.Упатувам голема благодарност до сите оние кои дадоа поддршка во механизација и луѓе за да можеме да ги нормализираме состојбите во кризните подрачј