Министерството за сталинизам, за варварство и за некултура на Роберт Алаѓозовски продолжува со правењето хаос и демонстрирањето на својата сопствената неспособност, изјави на денешната прес-конференција Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Однесувајќи се како да му е фамилијарно наследство, а не дадена чест да служи на граѓаните, Алаѓозовски и неговите помошници и советници со класичен фашизоиден говор на омраза ги прогонуваат по политичка и идеолошка основа сите луѓе кои ги означиле како свои противници. Срамна, незаконска и незаборавена ќе остане неговата акција на чистки и на политички прогон која тој ја нарече „ослободување на институциите од влијанието на Никола Груевски“. Алаѓозовски мисли дека ако тој самиот се нарече ослободител граѓаните ќе му веруваат и не гледајќи го што прави. Граѓаните господине Алаѓозовски не се наивни, и ти верувај ми грешиш што ги потценуваш, вели Јовановски.
Тој истакна и дека Алаѓозовски на средина на меѓународниот фестивал Охридско лето го менува директорот на фестивалот, од политички причини. Ваквото однесување не е однесување на ослободител на институција, туку на човек без образ, без срам и без голема моќ на расудување.
-Чистките во Охрид продолжија со незаконското разрешување на исклучително успешниот професионалец Тања Паскали-Бунташеска, Управата за заштита на културното наследство се лиши од еден професионален директор. Со ова Алаѓозовски докажа дека него и неговата партија не го интересираат професионалци туку смената на исти директори е произлезена да ги партизира сите институции. Откако претходно го стопираше проектот за изградба на нов театар во Охрид, Алаѓозовски противзаконски го разреши и директорот на Охридскиот театар Горан Стојановски кој учествувал во повеќе од 20 премиери и повеќе од 6.000 претстави откако е формиран театарот во 2011-тата година. Дополнително, со неговото доаѓање на чело на институцијата Стојановски успеал и да го намали нејзиниот долг за 62% за само една и пол година. Но и тоа не е доволно за книгочитачот Алаѓозовски кој одлучи дека и Горан Стојановски како и сите други директори на театри мора да замине затоа што не ја дели идеологијата на новото фашизоидно раководство во културата и воопшто антиреформската неспособна влада на Заев и на СДС, рече Јовановски.
Тој потенцираше и дека сите овие противзаконски смени се прават без потпис од службите тие се прават само од мотивацијата на сталинистот Алаѓозовски, што е уште еден доказ за ова противправно дејствие. Оштетените заради ова имаат право да тужат и ние сите ги охрабруваме да го сторат тоа.
-Самиот Алаѓозовски со ваквиот начин на владеење признава дека е „слепо лудило“. Министерот демонстрира врв на неморал и нула етика со овие потези, и ова го забележуваат дури и најтврдокорните членови на партијата од кад ешто тој е дојден за министер. Не поминаа ни два месеци а со своето дивеење, ароганција и препотентно однесување успеа да создаде услови сите буквално сите да се срамат од него. И тие кои го поставиле на таа позицијата, но и сите граѓани на Република Македонија бидејќи министерството за култура се раководи неодговорно и со малодушност и фрустрации кои резултираат со – неспособност и со не знаење. Алаѓозовски, господине министре книгочитачу, или работи во интерес на граѓаните и според законот – или стани и оди си. Истото важи и за сите членови на антиреформската влада на Заев. Што и да одлучиш, едно е сигурно: еден ден за ова ќе одговарате. И од тоа бегање нема, заврши Јовановски.-Однесувајќи се како да му е фамилијарно наследство, а не дадена чест да служи на граѓаните, Алаѓозовски и неговите помошници и советници со класич