Албанците незадоволни од градоначалникот на Куманово

Жителите од улиците „Ристо Романовски“, „Скопска“ и „Карадачки Одреди“ од Куманово се жалат дека улиците им се полни со дупки и дека не се обновуваат веќе долго време.Тие за ИНА велат дека градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, не инвестира во градските областите кои се населени со Албанци.
-Со години не се  асфалтирани патиштата, запоставени се и никој не се грижи за нив. Од друга страна ги имаме другите делови од градот кои што редовно се одржуваат. Жителите се лути на градоначалникот иако тој добил гласови во овие населби, тој не работел на инфраструктурата“ напишал на адреса на ИНА,  жител од ова населба, пренесува Almakos.com.
 Тие за ИНА велат дека градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, не инвестира во градските областите кои се населени со Албанци.

Пронајдете не на следниве мрежи: