Албанија продолжува да се меша во внатрешните работи на Република Македонија

Албанските политичари не запираат да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија. По потпишувањето на платформата на македонските албански партии во Тирана, политичарите од нашата соседна земја речиси секојдневно даваат изјави со кои ја поддржуваат платформата, бараат нејзино спроведување мешајќи се во внатрешните работи на нашата земја.Во најновото интервју за бриселскиот интернет-портал „Еуроактив“, министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати, меѓу другото, ја коментира состојбата во Македонија изразувајќи очекување Тиранската платформа да влезе во македонскиот Устав.
– Јас верувам дека со вклучување на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи кои живеат во Македонија, или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците, вели Бушати.
Со оваа изјава, албанскиот шеф на дипломатијата потврдува дека целта со таквата платформа е промена на македонскиот Устав. На забелешката од новинарот на „Еурактив“ во интервјуто, дека со официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Македонија се менува уставниот поредок на земјата, а Македонија не е федерација, туку унитарна држава, министерот за надворешни работи на Албанија со одговор:
– Јас не знам како овој аргумент, со албанскиот јазик како службен јазик, е еднаков со федерализација на земјата. Но, ако некој се однесува на Охридскиот договор и се изворот на спорови меѓу Македонците и Албанците во Македонија, јасно е дека спроведувањето на обврските од овој договор е на ниско ниво, вели Бушати.
Имун на коментарите и мешањето повторно не остана албанскиот премиер Еди Рама. Во интервју за „Франс24“ Рама објаснува дека Албанците во Македонија не се малцинство, туку ентитет што сочинува 35 отсто од населението и додаде дека единствено нешто што соседите односно Македонците требале да го направат, е да го почитуваат Охридскиот договор.
– Во Македонија нема албанско мнозинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија. Единственото нешто што треба да го направи Македонија е да го спроведе Охридскиот договор – изјави Рама и уште еднаш повтори дека тие сакаат голема Европа, а не голема Албанија.

Слобода во мешањето во внатрешните работи на Република Македонија си даде и соработничката на Рама, пратеничката Месила Дода која го негира македонскиот идентитет, велејќи дека „под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност“.
-Нема да може Иванов, Груевски или некој друг анти-Албанец да си игра со животите на тамошните Албанци и да ја претворат во европската Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност. Оваа држава без никакво значење не може да ја пронајде својата причина за постоење во злоупотребата и непочитувањето на правата на Албанците од Скопје, од Тетово, од Гостивар, од Охрид и од Струга. Завршениот претседател на Македонците им се закани на Албанците со војската на оваа фантом држава. Тој знае дека оваа војска има повеќе албански синови на албански мајки кои не вртат пушка против својот брат Албанец. Албанците од УЧК на Шара вчера се изјаснија дека по секој ацена ќе ја бранат Иллирида ние денес им кажуваме, не сте сами Албанија е со вас! Татковината ќе ве поддржува без сомневање. Јас сум претставник на политиката што не бара рушење, не бара насилство, но бара гордост, благосостојба и соединување. Ние заедно може да успееме, ние заедно може да ја одбраниме светата земја Илирида. Таа е албанска и ние заедно имаме една нација, имаме еден став и имаме една татковина од „Превез“ до „Molle e Kuqe“ Албанија на четирите вилаети, Албанија на 8-те милиони Албанци, истакна минатиот месец Дода.

За потсетување, платформата беше потпишана на 7 јануари годинава во Тирана под палка на Еди Рама. Албанските медиуми уште кон крајот на минатата година пишуваа дека Рама подготвил документ за сите албански партии со Македонија кои добиле мандати на изборите. И покрај обидите за негирање дека Платформата на албанските партии од Македонија е создадена и потпишана во Тирана, албанската телевизија „Визион Плус“ на 28-ми декември објави информација, која подоцна беше пренесена од повеќе медиуми, дека платформата е составена од албанската влада. Во најновото интервју за бриселскиот интернет-портал „Еуроактив“, министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати, меѓу друго

Пронајдете не на следниве мрежи: