четврток, 12 ноември 2026
Најново

Албанскиот амбасадор повикан во МНР поради зачестените навредливи изјави од официјални лица на Република Албанија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По повод зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, вчера во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше повикан на разговор Амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, информираат од МНР.-На средбата беше потенцирано дека изјавите на Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија. Беше истакнато дека ваквите пораки се сериозна провокација за добрососедството кое сакаме да го негуваме. Тие прават долгорочна штета на односите во регионот и потткнуваат екстремистичка реторика. Она што ни треба во Регионот, е обединување околу интеграцијата во ЕУ, мир и економски напредок, се наведува во соопштението од Министерсвото.
Оттаму велат дека апелирале да се прекине со провокациите, да се почитува сувереноста и да се работи на планот на добрососедството, за доброто на сите во Регионот.-На средбата беше потенцирано дека изјавите на Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност

Поврзани вести