Албанските навивачи ги „присвоија“ македонските градови

Дуелот помеѓу Албанија и Македонија не го дочека крајот поради лошите временски услови, а преостанатиот дел од мечот, оние 14 минути, ќе бидат доиграни денеска. Но, она што остави негативен впечаток на овој дуел, се навивачите на домашната селекција.Имено, пред дуелот во Скадар на стадионот „Лоро Боричи“ беа нападнати нашите навивачи со пиротехника, потоа исвиркана химната на Македонија, а од трибините со скандалозна кореoграфија беше навредена и нашата држава. На трибините имаше и голем број навивачи на Албанија – луѓе кои се родиле, живеат и егзистираат во Македонија, а истата ја омаловажуваат и навредуваат.
Кореoграфијата скандалозна ја прави тоа што беа истакнати пароли со имињата на низа македонски градови како Куманово, Битола, Охрид, Дебар, Скопје, Гостивар, Крушево, а над нив на голем транспарент пишуваше Илирида, што подразбира дека населените места се дел од “Голема Албанија”. Ова е голем скандал кој не може и не смее да остане незабележан и неказнет од страна на ФИФА.Имено, пред дуелот во Скадар на стадионот „Лоро Боричи“ беа нападнати нашите навивачи со пиротехника, потоа исвиркана химната на Македо

Пронајдете не на следниве мрежи: