Алијанса и Владата на СДСМ во Струга тераат бизнис

На панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ Перо Петковски советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа вистинската причина зошто во Општина Струга не се решава проблемот со депонијата.Тој истакна дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Општина Стуга активно се ангажираат за решавање на проблемот со депонијата, но градоначалникот одбива да прифати било какви сугестии.
Проблемот постои веќе 10 години од времето кога градоначалник на Струга беше Рамиз Мерко и продолжил во мандатот на Зијадин Села и новиот градоначалник додаде Петковски.
Според него проблемот општината одбива да го реши поради бизнисот кој општината го прави со сопстевниците на депонијата. Од буџетот на Општина Струга на годишно ниво се одвојуваат 100 илјади евра за исплаќање на депонијата иако сопствениците не ги исполнуваат потребните услови за да се заштити животната средина како на пример редовно тампонирање.
Петковски додаде дека граѓаните од општината бараат бизнисот да го остави на страна и да се работи за доброто на граѓаните. Депонијата негативно влијае и на туристите кои благодарение на лошото работење на локалната власт секоја година ги има се помалку. Во иднина спорет Петковски треба посериозно да се пристапи кон проблемот.
 
Тој истакна дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Општина Стуга активно се ангажираат за решавање на проблемот со депонијата, но градоначалник

Пронајдете не на следниве мрежи: