Истражувачкиот тим на „Алкалоид“ во директна соработка со престижниот Макс Планк Институт од Штутгарт и Институтот за хемија при ПМФ Скопје, за прв пат во светски рамки ја реши кристалната структура на соединението кодеин фосфат сесквихидрат, супстанца која зазема значајно место во фармацевтската индустрија и се употребува повеќе од половина век.Познавањето на кристалната структура на секое фармацевтски-активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичко-хемиски својства.
Добиените резултати од ова значајно откритие се објавени во едно од трите најреномирани научни списанија во областа на хемијата на светско ниво – “Chemical Communications“. Резултатите се публикувани во вид на оригинален научен труд под наслов “On the hydrates of codeine phosphate: The remarkable influence of hydrogen bonding on the crystal size“. Главниот експеримент беше изведен во Институтот Макс Планк во Штутгарт, од страна на м-р Томче Рунчевски, научен соработник на „Алкалоид“.
Овој исклучително значаен научен предизвик, чии резултати се плод на тригодишна континуирана систематска студија, претставува огромен успех за „Алкалоид“ како македонска компанија, но и за целокупната домашна и светска научна јавност. Компанијата и во иднина ќе продолжи да ги поддржува проектите од овој тип, кои придонесуваат за дополнителна афирмација на Република Македонија во светот.
Пред неполна година, истражувачкиот тим на „Алкалоид“, по иницијатива на д-р Ѓорѓи Петрушевски, за прв пат пред научната јавност ја презентираше кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат, во соработка со две научно-истражувачки лаборатории.Познавањето на кристалната структура на секое фармацевтски-активно соединение е од исклучителна важност за детално дефинирање на неговите физичко-х