ИДОЛИТЕ НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА „ДАЈТЕ МУЗИКА“ СО СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ
НА 27-МАЈ ВО СКОПЈЕ!

Најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“ ќе одржи голем спектакуларен
концерт на 27-ми мај, на стадионот на АРМ во Скопје, во организација на „Авалон
Продукција“.
Публиката ќе може во живо да ги слушне сите нивни огромни хитови од популарниот
серијал, како и нов материјал, а концертот ќе биде збогатен и со специјални гости кои се
чуваат како изненадување до самиот настан.
На денешната прес конференција, првиот човек на Авалон Продукција, Бобан Милошески
истакна дека интересот за овој настан е навистина огромен уште од првата најава за
концертот и дека влезниците се трошат навистина многу брзо. Додаде дека проектот е
навистина многу сериозен и дека се работи со апсолутна љубов.

  • Да бидеме реални, Македонија во својата независност, а и пред тоа, од областа на
    ентертејнментот има изградено многу малку сериозни брендови. „Дајте музика“
    како бренд е институција на свој начин и поради тоа мене ми претставуваше
    особено задоволство да влеземе во овој проект, да го обликуваме, да се обидеме
    да го дигнеме на едно концертно ниво и навистина ми е големо задоволство што
    ќе го организираме и не го делам овој проект од останатите светски проекти. Ова
    за мене е светски проект- изјави Милошески.
    Според него, концертот на „Дајте музика“ ќе биде од секој аспект организиран
    беспрекорно, а со оглед на тоа дека настанот е наменет за детската популација, најмногу
    ќе се внимава и на безбедноста на децата.

Цаци Паковска, продуцентка на проектот „Дајте музика“ рече дека децата се идоли на
новите генерации и убаво е што македонската младина се идентификува со нив, а не со
странски изведувачи.

  • Свесни сме дека тие се промотори на добрите вредности, но и дека се главните
    промотори на македонската музика кај младите генерации. Поради големиот
    интерес, решивме „Дајте музика“ да се претстави со сериозно осмислен и
    организиран концерт во живо, на кој децата, а и родителите ќе имаат можност да
    уживаат и да се забавуваат- истакна Паковска.
    На големо задоволство на новинарите, на прес конференцијата беа присутни и главните
    ѕвезди на концертот Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија
    Џабирска. Тие на новинарите им открија дека подготовките за претстојниот концерт на 27-
    ми мај течат со полна брзина и во најдобар ред.
  • Овој концерт за нас е огромен предизвик и се разбира голема чест. Енергијата на
    големата сцена на јуниорската Евровизија сакаме да ја доживеат и децата во
    Македонија, и затоа ви ветуваме незаборавно искуство. Ќе пееме во живо,
    секојдневно имаме часови по пеење, а подготвуваме и бомбастични кореографии.
    Ветуваме дека овој концерт ќе биде едно незаборавно искуство- рекоа ѕвездите на
    концертот.
    Тие ги поканија сите нивни обожаватели да дојдат на 27-ми мај на стадионот на АРМ во
    Скопје, а посебна покана и билети испратија и до децата од СОС Детско село.
    Генерален спонзор на концертот на „Дајте музика“ е Бекутан, а покровител е „Вива
    сокови“.
    Влезниците се` уште се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на
    Авалон низ Македонија, на плоштадот „Македонија“ и онлајн на www.avalon.mk , и тоа по
    цени од 400 денари за партер и 600 денари за фан пит.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.