Американците конечно ќе го исклучат ХААРП системот!

ХААРП ќе биде изгаснат пишува британскиот весник Индепендент.Голем број теории на заговор тврдат дека САД го користат системот ХААРП за модифицирање на времето, онеспособување сателити и контрола на човечкиот ум. Досега инсталацијата била обвинувана за невообичаени временски прилики, природни катастрофи и болести, како и за индустриски несреќи како уривањето на спејс-шатлот Колумбија.
Владата на САД изјавила дека инсталацијата што ја истражува атмосферата повеќе не ѝ е потребна на земјата, пишува Индипендент, пренесува МКД.мк.
Во сите теории се истакнува патентот што го поднел еден од клучните научници што работеле на овој проект пред својата смрт и во кој е наведено дека со помош на ХААРП може да се контролира и модификува времето. Теориите довеле дури и до расправа во Европскиот парламент.

 

Заговорниците на овие теории тврдат дека неговата цел е исклучително мистериозна и научно неинформираните лица, додека властите на САД тврдат дека инсталацијата се користи за проучување на природните процеси во јоносферата – регион од горната атмосфера, во надеж дека ќе помогне за создавање на подобра технологија на радио-комуникации.
ХААРП ќе биде исклучен по завршувањето на последниот проект кон средината на јуни, а целиот процес ќе го спроведе уште еден миленик на теоретичарите на заговори – Агенцијата за напредни одбранбени проекти (ДАРПА).
За функционирање на овој систем годишно се трошат 5 милиони долари, а неговата изградба чинела 280 милиони долари.Голем број теории на заговор тврдат дека САД го користат системот ХААРП за модифицирање на времето, онеспособување сателити и контрола на човечкиот

Пронајдете не на следниве мрежи: