Американците во Македонија прават ново жариште заради приближувањето кон Русија и Србија?

Гостин во BN телевизијата беше проф. д-р Миша Ѓурковиќ од Институтот за Европски Студии, на тема анализа на македонските настани во периодот. На прашањето за одлуката на Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов да ги аболицира сите политички процеси во РМ, Ѓурковиќ гледа како на контроверзен потег, но потсетува дека и лидерот на владејачката партија се огради од тој процес и дека овој потег на претседателот не и одговара ни на владејачката партија. Во врска со причините за кризата, Ѓурковиќ потсетува на периодот од изборите кои опозицијата не ги призна, одби да присуствува во парламентот и преку разни револуции ја дестабилизира државата.
Сепак, најголем фактор е меѓународната заедница, САД, и ЕУ, кои од минатата година директно се вклучени во политичките процеси во Македонија, со своето надгледување ветувајќи ја стабилизацијата која ќе настане по изборите, што сега сепак се одложи заради одбивањето на опозицијата да оди на избори.
По конфликтот од 2001 година, ова е најголемата политичка криза во Македонија. Според Ѓурковиќ, ова не е случајно и овде игра голема игра геополитичката и инфраструктурната поставеност на Македонја на Балканот, но и големите играчи како Сорос.
По статусот на земја-кандидат за ЕУ, Македонија стои во место, заради спорот со Грција. Но, она што е интересно, е дека опозицијата постојано ја обвинува власта за нелегитимни избори и за слободата на медиумите. Ѓурковиќ смета дека проблемот на ЕУ е што Груевски ги избегнува геополитичките цели што се обидуваат да му се наметнат, и најголемиот проблем е што Македонија без промена на името не може да влезе во НАТО, што пак е услов за евроинтеграцијата. Според Ѓурковиќ, на американците им смета проблемот со името, кој не е решен заради прашањето со идентитетот, и од таа причина тие ја активираат опозицијата, финансирана од Сорос, која оперира преку разните видови на револуции и студентски пленуми.
Албанија е земја со отворени претензии кон барем 1/3 од Македонската територија, и ја користи секоја криза за да ја подобри состојбата на секој Албанец во Македонија, вели Ѓурковиќ. Од една страна, Грција не ја признава државата и името. Бугарија не ја признава ни нацијата, ни јазикот, туку само името. Во овој момент Американците вештачки прават проблем, а Груевски ги подобрува односите со Русија и со Кина. Ова е причина за кризата според Ѓурковиќ. Според Ѓурковиќ, албанците биле неутрални по овие прашања, но тој смета дека со Охридскиот договор, тие добиле многу од тоа што го барале, и бидејќи голем дел од бегалците не се вратиле во своите родни места, веќе се добиваат чисто албански територии.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев овде објавува „бомби“ за да ја урне владата на Груевски, но не успева во тоа. На прашањето дали аболицијата на Иванов може да резултира со пад на владата, Ѓурковиќ тврди дека на бомбите претходат голема низа на протести на опозицијата, маскирани во студентски протести и граѓански побуни. Во денот кога Москва обележува победа над фашизмот, се јавува и конфликтот во Диво Насеље, за кој тој смета дека е координиран притисок за уривање на владата на Груевски преку креирање на процес на дестабилизација. Груевски го прифаќа Пржинскиот договор, и со поднесување на оставка доаѓа до преодна влада.
На прашањето кој најмногу профитира од кризата, Ѓурковиќ одговара на протестите во Македонија има и претставници на сите малцинства, и затоа не може да се смета дека тоа се Албанците, а особено затоа што на прислушуваните снимки лесно може да се најдат нивни разговори. Најмногу профитира опозицијата, која организира избори на начин на кој им одговара ним, и чиј лидер пред некој ден отворено рече дека цел му е да ја сруши државата излегувајќи на улица.
Овде се јавува и проблемот со бегалците. Македонската влада под управа на Груевски беше многу решителна да пушти онолку бегалци колку што мисли, наспроти притисоците од меѓународната заедница, и ова е искористено од страна на Сорос. Иако Груевски во голема мера се обиде да ја задоволи меѓународната заедница, со притисокот на опозицијата, прашање е дали сега тој е во состојба да направи компромис и да го реши проблемот.
На прашањето дали на Македонија може да и се случи Украинско сценарио, Ѓурковиќ тврди дека Македонија во оваа ситуација зависи од странците и од тоа што тие ќе и кажат да прави. Етничките тензии повторно оживеаа и кризата може да ескалира кон терористички дејства на нејзините простори.
На прашањето дали меѓународната заедница има причина за грижа, Ѓурковиќ одговара со убедувањето дека на САД и одговара кризата. ЕУ ја толерира Македонија заради конструктивноста во справувањето со бегалците, но поголем проблем е и соработката со Кина, што и е трн во око на ЕУ и на САД.
Она што е заедничко за БиХ, Србија и Македонија, и што САД го користи, е длабоката поделеност на народот. Целиот регион е безбедносно загрозен, и многу лесно може да биде дестабилизиран. Според него, сите заедно треба да соработуваме во смирување на страстите и зачувување на безбедноста.
Во наредниот период, можеме да очекуваме понатамошен притисок на опозицијата за доаѓање на власт. Сведоци сме дека Катица Јанева е во директни врски со странците, и се додека големите глобални играчи имаат интерес, кризата во помалите држави како Македонија ќе продолжи, завршува Ѓурковиќ.
Погледнете го видеото од емисијата во целост:
 
На прашањето за одлуката на Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов да ги аболицира сите политички процеси во РМ, Ѓурковиќ гледа како на контроверзен пот

Пронајдете не на следниве мрежи: